Спорт
Неочекуван „голем оптимизам“ во Ферари пред новата сезона

Иако јавно изјавуваат дека се внимателни пред стартот на новата сезона, во Ферари постои „голем оптимизам“ околу моторот и болидот за 2022 година, тврди „Скај спортс“ и шпанската „Марка“.
Неодамна, шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, во полушега изјави дека е можно Ферари да ги „смачкаат“ во Бахреин, бидејќи Скудерија не беше вклучена во битката помеѓу Ред бул и Мерцедес за титулата и ги концентрираше своите ресурси на развојот. „Скај спортс“, пак, објавија дека има „многу позитивни сигнали“ од Маранело, каде што сметаат дека е направен значителен напредок со перформансите на моторот, а сега „Марка“ вели дека има „нескриен голем оптимизам“, посебно за моторот.
Според италијанските извори, аеродинамиката е добра, но најголемиот напредок е во моќта на моторот, кој е дизајниран од Волф Цимерман и носи интересно име „Суперфаст“. Шефот Матија Биното е внимателен.
„Предвидуваме дека и Мерцедес и Ред бул продолжиле со развојот како изминатите години, а тие имаат алатки, методологии, симулации, пресметки и средства за такво нешто. Би било предвремено да кажеме дека можеме да ги победиме Мерцедес и Ред бул. Прво да почнеме да се натпреваруваме со нив“, изјавил Биното за „Марка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.
Спорт
(Видео) Папајанис во солзи го напушти дуелот со Панатинаикос

Играчот на Панатинаикос, Јоргос Папајанис, ја доживеа можеби најлошата и најтешката повреда во спортот.
Не беше во дуел со противнички играч, но се повредив слетувајќи во обид да постигне кош во акција „алеј уп“.
Најверојатно станува збор за повреда на вкрстените лигаменти.
Поанешниот грчки репрезентативец ја напушти салата во Истанбул.
Инаку Анадолу Ефес загуби од Панатинаикос со 81:95 во петтото коло во Евролигата.