Македонија
Ве молам, вакцинирајте се, повика министерот Сали поддржан од поглаварите на верските заедници
Поглаварите на верските заедници во Македонија и министерот за здравство, Беким Сали, денес од спомен-куќата „Мајка Тереза“ упатија заеднички повик кон верниците да се вакцинираат.
Министерот Сали повика секој граѓанин сериозно да ја сфати потребата од вакцинација.
„Во време на пандемија, кога речиси секој од нас е погоден од вирусот, кога некои од нас изгубивме наши драги и најблиски, посакувам на овој заеднички начин да упатиме секој граѓанин да ја сфати сериозно потребата од вакцинација, да одговори на нашиот повик за вакцинација и да не дозволи никој да ги поколеба во стремежот за спасување на својот и на животот на луѓето околу нас од оваа чума што веќе две години го смени и начинот на нашето живеење. Ја користам оваа пригода заедно со челниците на верските заедници да им се заблагодарам за оваа благородна иницијатива и уште еднаш да ве повикам сите да се вакцинирате, убеден дека ова е најбезбеден начин за заштита од вирусот и единствениот начин за спречување на ширењето на инфекцијата, затоа, ве молам, вакцинирајте се“, рече министерот Сали.
Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Шаќир Фетаху, одговарајќи на новинарско прашање дали за време на богослужбите повикуваат на вакцинација, рече дека од почетокот на кризата ги почитуваат сите препораки од Светската здравствена организација.
„Во секој момент апелиравме луѓето да се држат до сите мерки што ги донесовме како ИВЗ во рамките на Министерството за здравство. Апелирањето беше не само преку ИВЗ, туку се апелира во сите џамии, на секоја петочна молитва, во сите меџлиси, групи и слично и мислам дека тоа беше многу успешна работа. Што се однесува, пак, до вакцинацијата, ИВЗ имаше наредба кај сите верници вакцинацијата да се сфати сериозно затоа што е одлука на СЗО“, рече поглаварот Фетаху.
Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, се приклучи на заедничкиот апел и со поглаварите на верските заедници апелира граѓаните и верниците да се придржуваат до мерките што институциите веќе втора година ги упатуваат.
„МПЦ преку соопштенија повеќепати во изминатите две години, како и во посланијата за поголемите празници, апелира до верниот народ да се придржуваат на она што институциите го апелираа. И овој пат ќе кажам, подобро е нешто да го спречиме отколку да го лечиме. Овој апел така треба да се разбере, упатен е до сите верници“, рече поглаварот на МПЦ.
Заедничкиот апел до верниците го поддржаа и Киро Стојанов, бискупот на Католичката црква, и Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

