Црна хроника
Дрвокрадци нападнале шумска полиција кај Делчево
Едно лице од делчевското село Чифлик заработи кривична пријава, бидејќи откако бил затекнат како краде дрва на планината Голак се обидел да ги попречи шумските полицајци во работата, а им упатил и закани по нивните животи.
Сцената наликувала како на филм. Откако од страна на шумската полиција бил затекнат пријавениот како со уште две лица товарат исечени дабови дрва во приколка, го стартувал тракторот и се упатил кон врвот „Чафка“, додека останатите две лица фрлале од дрвата по патот со цел да го спречат движењето на шумските полицајци. Потоа, пријавениот застанал со тракторот и кога го забележал службеното возило како се доближува, со моторна пила почнал да сече борови дрва, а им упатувал и навредливи зборови и сериозни закани по животот на шумските полицајци. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

