Спорт
Фенер со голема победа во Милано, Звезда пропушти огромна предност против Монако
Фенербахче стигна до импресивен 71:60 триумф на гости кај Олимпија Милано, приморувајќи го италијанскиот клуб да постигне минимални 60 поени првпат оваа сезона, откако тимот на Саша Ѓорѓевиќ ги заддржаа домаќините на само 9 поени во последната четвртина.
Милано во последните неколку кола стигнуваше до победи со цврста игра на одбраната, дозволувајќи под 60 поени во последните три меча, но овојпат тие беа „мета“ на дефанзивната игра на Фенер.
Монако пак, имаше неверојатна враќање во мечот со Црвена звезда, за да стигне до 91:80 победа на гости во 25. коло од Евролигата. Донатас Мотиејунас беше човекот на мечот со 20 поени и 6 скока.
Монако губеа со 52:42 на полувреме, пред во одличната трета четвртина да израмнат на 64:64 и на крајот да ја запишат и втората победа во дуелот со српскиот тим. Во тимот на Саша Обрадовиќ, Двејн Бејкон стигна до 17 поени, Мајк Џејмс уфрли 10 за 12-12 скор на францускиот тим. За Звезда, Остин Холинс имаше 19 поени, Никола Ивановиќ додаде 15 поени и 4 скока, но сега тие имаат 8-14 скор.
ЕВРОЛИГА, 25.КОЛО
Црвена звезда – Монако 80:91 (30:19, 22:23, 12:22, 16:27)
Баерн Минхен – Макаби Тел Авив 70:52 (13:16, 17.13, 19:12, 21:11)
Олимпија Милано – Фенербахче 60:71 (12:18, 22:25, 17.11, 9:17)
Барселона – Панатинаикос 86:80 (17:15, 28:10, 18:17, 23:18)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус се распрашува за Мазрауи
Јувентус бара засилувања на бековските позиции и одлучи да се насочи кон фудбалер кој може да игра подеднакво добро како лев и десен бек.
„Газета дело Спорт“ пишува дека главна цел на „старата дама“ е Нусаир Мазрауи (25) од Манчестер Јунајтед.
Станува збор за играч кој се пресели од Баерн во Јунајтед во 2024 година за 15.000.000 евра, а во Италија веќе го привлече вниманието благодарение на својата техника и способност значително да придонесе во напаѓачката фаза.
Останува да се види дали Манчестер Јунајтед ќе биде спремен да го пушти или Јувентус ќе мора да се сврти кон други решенија.
Мазрауи моментално е на Африканскиот куп на нации во неговата земја и вечерва ќе го започне полуфиналниот натпревар на Мароко со Нигерија.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos

