Македонија
Сончево и студено со мала до умерена облачност
Утрово најниска температура била измерена во Маврови Анови од -14 степени, -13 степени биле измерени во Берово, -12 степени во Попова Шапка, -10 во Битола, -8 во Крушево и Крива Паланка, -7 во Охрид, Прилеп и Претор, -6 степени биле измерени во Тетово, -5 во Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија и во Куманово, -4 во Струмица и Виница, -3 во Скопје-Зајчев Рид, 1 степен во Дојран и Гевгелија.
Снежната покривка изнесува 49 сантиметри во Маврови Анови, 30 сантиметри на Попова Шапка, 27 во Крушево, 26 сантиметри во Пожаране, 19 на Ѓуриште, 7 во Битола, 6 во Берово, 4 во Претор, 3 во Тетово, Прилеп и во Крива Паланка.
Утрово е сончево со мала до умерена облачност и студено.
Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 5 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци, Јово грант, доктор тендер корона Филипче-нема кандидат за претседател на СДС кој не е поврзан со криминал
„Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани Цаци и Јово грант.
Нема кандидат за претседател на СДС кој не е поврзан со криминал или неспособност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека Венко Филипче ќе остане запаметен како човекот кој како министер во ек на корона бркаше провизии од вакцини, по матните тендери за реагенси, набавките во четири очи и колабрираното здравство.
„Славјанка Петровска ќе остане запаметена по луксузната хациенда која ја криеше, и Ковачевски кој ја стануваше на сред митинг да ја видат сите која е.
Јово Деспотовски е директорот на ФИТР кој штанцаше грантови за се и сешто, истиот фонд од кој се делеа пари за обуки на магариња.
И Филипче и Петровска и Деспотовски се поврзуваат со криминалите и неспособноста на Заев и Ковачевски. СДС целосно да се реформира“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Американскиот амбасадор во Бугарија за македонско-бугарското прашање: „Не поддржуваме дијалог кој промовира дискриминација, омраза или непријателство“
„Ние не поддржуваме дијалог кој промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници во земјата“, ова во интервју за бугарски медиум го изјави американскиот амбасадор во Бугарија, Кенет Мертен, запрашан за македонско-бугарското прашање.
„Ние не поддржуваме дијалог кој промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници во земјата. Ние ја осудуваме секоја дискриминација. Не мислиме дека тоа е добро за меѓусоседските односи или за односите меѓу различните заедници во одредена земја, важно е да не се заборави дека пред околу две години беше потпишан договор меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, мислам дека овие земји (т.е. – земјите од регионот) вклучително и Северна Македонија, мора да работи на остварување на критериумите за членство во Европската Унија“, коментира Мертен.
Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Времето денеска, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Во наредните денови следува период на постабилно време и ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Претежно во планинските региони и од крајот на работната недела ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.