Македонија
Ковачевски – Мецола: Поддршката на ЕП значајна за проширувањето на земјите од Западен Балкан
Премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, на која присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Ковачевски ѝ го честита изборот на Роберта Мецола за претседателка на Европскиот парламент и изрази благодарност за континуираниот ангажман и подготвеност на Европскиот парламент во поддршката на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан да напредуваат во процесот на интеграција во ЕУ.
Тој како особено значајна ја наведе плодната соработка на Северна Македонија со Европскиот парламент во рамките на дијалогот „Жан Моне“ преку дискусиите на Мешовитиот парламентарен комитет, како и посветената работа на пратениците на ЕП за напредокот на земјата во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во членство во ЕУ.
За време на разговорот во Европскиот парламент, Ковачевски ја запозна претседателката на ЕП со силно изразената подготвеност на владите во Скопје и Софија да ги удвојат напорите за подобрување на меѓусебните односи со јасни намери да го забрзаат процесот за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.
На средбата беше истакнат напредокот во реформите во судството и владеењето на правото препознаени и во последниот извештај на Европската комисија и беше нагласено дека Северна Македонија продолжува со силна политичка посветеност да ги имплементира позитивните препораки на Европскиот парламент за имплементација на реформите за да се заокружи стратешкиот проект за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

