Црна хроника
Притвор за двете лица фатени на скопскиот аеродром за трговија со прекурзори

Двете лица што во текот на вчерашниот ден беа приведени на скопскиот аеродром се спроведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје.
„По произнесување на осомничените и на јавниот обвинител во однос на предлогот, судијата донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот Н. К. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, а на осомничениот М. З. му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена поради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 точка 1, 2 и 3, односно опасност од бегство, можност да ја попречи истрагата и да влијае на сведоци и можност да го повтори делото“, истакнуваат од Кривичниот суд во Скопје.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, соопштија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.