Македонија
(Видео) Арсовски: Ги повикувам Зечевиќ и Калеска-Ванчева да ги донираат нивните лесно заработени пари
Трет ден молк за инкасираните пари на Миле Зечевиќ од три општини, со кои раководеле градоначалници на СДСМ. Молк исто како што молчи за Калеска-Ванчева, која имаше инкасирано над 55.000 евра преку нејзиното адвокатско друштво, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Отсуството на срам во СДСМ е отсуство на морал, грижа за граѓаните и државата и најважно од сѐ, отсуство на визија за тоа како да ја водат напред државата. Очигледно е дека во ниту едно нивно сценарио не им е важна државата ниту, пак, граѓаните, а ни напредокот и подигањето на стандардот, туку им се единствено важни нивниот личен бенефит и напредокот на сопствените компании. Ништо ново не носи Миле Зечевиќ во СДСМ. За само две години, од три општини заработил 1,8 милион денари. И нова функција, но исти навики, ништо не е сменето. Носи само пример за другите ешалони надолу, како да заработуваат, на кој начин, односно да ги искористат своите позиции во партијата и власта единствено за да заработат пари, а не да направат нешто за државата и граѓаните. Затоа се наоѓаме во онаква ситуација во каква што сме сега, заглавени до гуша во криминал и корупција“, рече Арсовски.
Ова се вредностите за кои, како што рече, се бори овој СДСМ.
„Ова се вредностите за кои обичното членство т.н. трча на партиските активности за нивните шефови и раководство да заработуваат милиони. Јавно ги повикувам и Зечевиќ и Калеска-Ванчева да ги донираат своите лесно заработени пари, милионски суми денари, да ги донираат за добросостојбата на граѓаните во некој проект. На пример, со нивните пари може да се реновира некој оддел од клиника, да се купи амбулантно возило или да се реновира некое училиште или градинка. Ако се чесни во намерите, нека ги донираат парите“, повика Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

