Македонија
Ковачевски до Фон дер Лаен: Oчекуваме засилен ангажман, ЕК да помогне во деблокирање на процесот
Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во рамките на дводневната работна посета на институциите на ЕУ во Брисел.
На средбата, на која присуствувале и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, премиерот Ковачевски истакнал дека во наредниот период, за време на претседавањето на Франција со ЕУ, едно од клучните очекувања е засилениот ангажман на Европската комисија да помогне во деблокирање на процесот за проширување со Северна Македонија и Албанија.
Во владиното соопштение за средбата се наведува дека Ковачевски како охрабрувачка ја оценил брзата организација на неговата работна посета на Брисел заради можноста највисоките претставници на ЕУ да бидат запознаени со резултатите од интензивната агенда на дијалогот помеѓу Северна Македонија и Бугарија.
„Од билатералната соработка преку пет реботни групи се очекуваат конкретни резултати, кои ќе бидат преточени во патоказ што ќе го забрза процесот за одржување на првата меѓувладина седница на Северна Македонија со ЕУ. Од исклучителна важност во тој процес е вклучувањето на Европската комисија и француското претседателство со ЕУ за да се овозможи решенијата да бидат во согласност со европските стандарди и вредности“, истакнал премиерот.

На средбата станало збор и за ефектуирањето на финансиската поддршка од економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан за проектите за железницата со Бугарија, за пречистителна станица за отпадни води во Скопје, за парк за ветерна енергија и за соларна централа, како и за интерконекторот за гасно поврзување на Северна Македонија со Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

