Црна хроника
Велешанец осомничен за силување дете
Ако Обвинителството ги прифати кривичните пријави кои СВР Велес ги поднесе против Б.Ј., тој ќе одговара за „Силување“ и „Прикажување на порнографски материјал на дете“
Осумнаесет годишниот велешанец Б.Ј. полицијата го осомници за сторител на две кривични дела. Пред две години во мај, според полицијата, тој со сила го однел девојчето на Костурницата. Го внел во внатрешноста на објектот, од торба која претходно ја однел извадил покривка, ја послал на земја а на ѕидот потпрел метална шипка. Осомничениот веднаш почнал да се соблекува, ја соблекол и долната облека на девојчето и ја кутнал на земја. Девојчето се бранело и го туркало од себе, но тој употребил сила и имал сексуален однос со него.Сексуалниот чин го снимал на својот мобилен телефон без да знае жртвата. Неа и се заканил дека не смее на никого да каже за случкаат , а со снимениот материјал се фалел на другарите.Година и пол подоцна мајката на девојчето го пријавила случајот во полиција.До Јавното обвинителство, СВР Велес на осомничениот Б.Ј. му поднел две кривични пријави за сторени кривични дела „Силување“ и „Прикажување на порнографски материјал на дете“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен полицаец за изнуда: поднесена кривична пријава, следува суспензија од работното место
По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази Баба, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.
Имено, граѓанинот пријави дека Х.З. заедно со други лица во повеќе наврати му барале 20.000 евра, пари кои наводно синот на пријавителот ги земал од него. После тоа, преземени се мерки и извршена е криминалистичко-техничка обработка на парични средства, а на 25.12.2025 на подрачјето на Центар, непосредно по примопредавањето, Х.З. е лишен од слобода и при извршен претрес кај него се пронајдени 20 апоени од по 50 евра.
Тој е задржан во полициска станица, а Единицата за насилен криминал, Одделението за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, против Х.З. поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.
Одделот за внатрешна контрола против Х.З. ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. Додека, судија на претходна постапка на пријавениот му определил мерки на претпазливост.
Црна хроника
Ги претепал сопругата и мајка си: насилство во Скопје
Во полициската станица Кисела Вода вчера во 12.15 часот бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, тој физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка.
Надлежните соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Починат скопјанец пронајден во просториите во кои работел
Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.

