Свет
Емотивни пораки по смртта на малиот Рајан: „Се бореше храбро, го обедини целиот свет“

По четири дена драматично спасување, спасувачите успеаја да го извлечат малиот Рајан, но за жал, тој не успеа да преживее, пренесуваат светските агенции. Момчето кое имаше пет години во вторникот паднало во бунарот. Бунарот му припаѓал на неговиот татко и се наоѓа во Мароко на северот на земјата. Таткото им рекол на новинарите дека во вторникот го поправал бунарот и дека Рајан си играл во близина.
„Само за момент го испуштив од очите. Потоа падна“, рекол таткото и додал дека оттогаш не спие.
Неговата смрт потресе милиони луѓе кои ја следеа акцијата за спасување на несреќното момче, а голема тага завладеа низ Мароко, збогувајќи се со момчето на социјалните мрежи.
Родителите на момчето биле видени како одат по хоризонталниот тунел, видно скршени, пред да заминат со возило на брзата помош.
„Почивај во мир ангелу, се надевавме на среќен крај, го обедини цел свет, ова е најлошата вест што можевме да ја слушнеме, не можам да замислам низ што поминуваат неговите родители, храбро се бореше, почивај во мир, ангелу, се само дел од пораките што луѓето ги оставаат.
Мароканскиот крал телефонски им се јавил на родителите на момчето и им изразил сочувство.
Францускиот претседател Емануел Макрон на Фејсбук напиша: „Вечерва сакам да им кажам на родителите на Рајан и на луѓето во Мароко дека ја споделуваме нивната болка“.
Стотици луѓе дошле на местото на несреќата и со надеж дека момчето ќе преживее, го следеле неговото спасување.
Хафид Ел-Азуз, кој живее во близина, рече дека дошол да покаже солидарност со момчето кое му е драго на Мароко и на целиот свет.
Семејството допрва треба да го објави датумот на погребот, но според муслиманската традиција тој треба да се одржи наскоро, начелно во недела.
Оваа трагедија потсетува на слична таква што се случи во 2019 година во Шпанија кога момче кое имаше две години падна во бунар во близина на Малага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Јеменскиот премиер е убиен во израелски напад, со него загинаа и неколку министри

Јеменските бунтовници Хути денеска соопштија дека премиерот на владата во Сана, Ахмед ал-Рахави, е убиен во израелски воздушен напад, заедно со неколку министри.
Според Хутите, нападот се случил во четвртокот во јеменскиот главен град Сана, а во него загинале и неколку соработници на премиерот.
Израелските медиуми, повикувајќи се на арапски извори, ја потврдуваат смртта на ал-Рахави и додаваат дека воздушниот напад бил извршен врз станот каде што живеел.
Според извештаите на „Тајмс од Израел“, иако нападот се смета за одделен од претходниот напад насочен кон десетици високи министри на Хутите, постојат индиции дека израелската војска извршила втор напад врз претставници на Хутите кои се собирале надвор од главниот град за да присуствуваат на говор на лидерот на групата, Абдул Малик ал-Хути.
Ситуацијата ја нагласува зголемената тензија во Јемен и продолжувачката конфронтација меѓу израелските сили и Хути бунтовниците.
Регион
(Видео) Силна бура го парализираше црногорското приморје, најкритично во Котор

Силна бура го погоди црногорскиот приморски појас утрово, оставајќи го Котор и околните градови под тежок пороен дожд. Которскиот Залив е целосно погоден од силниот дожд и ветрови, а морето е разбрането, со големи бранови кои се спојуваат со сивото небо.
Туристите, кои вчера уживале во пливање, денес се соочуваат со потполно нестабилни услови.
„Колку и да уживавме во пливањето вчера, денес можеме да пливаме на улица“, изјавил еден од нив.
Ситуацијата е особено критична во близина на Вирпазар, каде што сообраќајот е прекинат поради несреќа, објави РТЦГ. Локалните власти апелираат на внимание и ги советуваат граѓаните да ги следат предупредувањата за безбедност.
Регион
(Видео) Драма на скопскиот аеродром: Aвион од Крит со 200 лица слета во Скопје наместо во Белград

Патници на авиокомпанијата „Виз ер“ кои требаше да летаат од Крит за Белград, наместо тоа завршија на аеродромот во Скопје околу 4 часот утрото, пренесува N1.rs.
Летот, кој бил закажан 15 минути по полноќ, првично бил пријавен како празен, што ги изненадило и полицијата и вработените на скопскиот аеродром.
Јелена, една од патничките, изјавила дека околу 200 лица излегле од авионот, без претходна информација за пренасочувањето. Патниците најпрво добивале СМС-пораки за одложување, а потоа, во 4:20 часот, полетале кон Скопје. На аеродромот биле задржани во авионот подолго време, а не им било дозволено да излезат сè додека една жена не почувствувала влошување на здравјето. На крајот, патниците останале на празен аеродром додека не им бил обезбеден автобус за Белград.
Пилотот им појаснил дека неговото работно време е завршено и дека повеќе информации ќе добијат на аеродромот, но и таму вработените биле целосно збунети бидејќи им било пријавено дека авионот е празен. Патниците се обратиле и до Амбасадата на Србија, но добиле одговор дека не може ништо да се стори, со образложение дека „аеродромот во Белград не работи и не прима авиони“.
Според официјалните информации, веб-страницата на белградскиот аеродром го прикажува летот како откажан, додека на македонскиот аеродром е евидентиран како реализиран, но со задоцнување од повеќе од три часа. На веб-сервисот FlightRadar се забележува дека авионот наместо во Белград, слетал во Скопје, без објаснување за причините.