Економија
Ковачевски: Очекувам уште утре да најдеме решение за покачување на минималната плата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/dimitarkovacevski-2-scaled.jpeg)
Владата предводена од СДСМ е на страната на работниците, а ветувањето за покачување на минималната плата ќе биде исполнето, пишува премиерот Димитар Ковачевски во објава на социјалната мрежа Фејсбук.
„Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе нѐ одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните“, има напишано Ковачевски на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Димитриеска-Кочоска – Ангеловска-Бежоска: Координираниот пристап во водење на монетарната и фискалната политика фактор за макроекономска стабилност и економски раст
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/kocoska-bezoska.jpg)
Меѓусебна соработка и координиран пристап во спроведување на фискалната и монетарната политика е клучот за обезбедување макроекономска и финансиска стабилност. Ова беше констатирано на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.
Министерката Димитриеска-Кочоска на средбата потенцира дека Министерството за финансии ќе води фискална политика насочена кон враќање на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност преку постепена фискална консолидација и подобрување на управувањето на јавните финансии и одржување високо ниво на капитални расходи. „Фискална политика“, додаде, „која ќе биде во функција на економскиот раст, во услови на умерено и одржливо ниво на дефицит и јавен долг“.
Очекува дека добрата координација на монетарната и фискалната политика заедно со одржувањето умерен буџетски дефицит и стабилност на девизниот курс ќе придонесат кон намалување на инфлацијата којашто се очекува во периодот 2025-2028 година да изнесува помеѓу 2% и 2,5% на годишно ниво.
На средбата од страна на министерката беше посочено дека Владата ќе ја почитува независноста на Народната банка и очекува дека таа преку навремени мерки и активности ќе одржува ниска инфлација, стабилност на девизниот курс и ќе се грижи за ефикасен и стабилен финансиски систем.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска ѝ го честиташе стапувањето на функција на министерката Димитриеска-Кочоска и ја истакна заложбата за координирање помеѓу монетарната и фискалната политика заради задржување на макроекономската стабилност.
„Ефикасната соработка помеѓу монетарната и фискалната политика е од витално значење за надминување на економските предизвици од денешницата и за поттикнување одржлив раст. Во услови на глобална неизвесност, усогласувањето на овие политики е исклучително важно за стабилизирање на инфлацијата на трајна основа, за поддршка на инвестициите и на вработеноста. Со овој координиран пристап се зајакнува економската отпорност и на преден план се става стабилноста во окружувањето коешто постојано се менува“, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска.
Економија
(Видео) Трипуновски: Отворивме подрачна единица и подрачна канцеларија во Ново Село и Босилово, Министерството поблиску до земјоделците
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Цветан-Трипуновски-03.07.2024-6.jpg)
Утрово министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во општините Ново Село и Босилово отвори Подрачна единица и Подрачна канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Како што ветив, го ставаме Министерството и неговите вработени во служба на земјоделците, институциите поблиску до граѓаните. Овие ПЕ и ПК на МЗШВ во општина Ново Село и општина Босилово ќе значи побрз и поедноставен начин за поднесување апликации, регистрации и информирање на земјоделците од овие две општини“, изјави Трипуновски.
Подрачната единица во Ново Село е отворена во 2014 година, но претходната власт од непознати причини истата ја стави вон функција за сега повторно да се реотвори и да биде во служба на земјоделците од оваа општина.
„Изразувам благодарност до градоначалниците Ѓорѓе Божинов и Ристо Манчев за нивната соработка и обезбедените простории во склоп на општинските згради, продолжуваме и во наредниот период со отворање на ПК во руралните општини каде што досега немало канцеларии од овој тип“, дополни Трипуновски.
Економија
ТООП проценти 6,6 отсто – Халкбанк со промотивен период за аплицирање за картичките Visa Vita или Mastercard Credit Contactless
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/N_Top_Procenti_MK-2.jpg)
Во тек е промотивниот период за аплицирање за кредитните платежни картички Visa Vita или Mastercard Credit Contactless на Халкбанк А.Д. Скопје.
Во периодот од 01.05.2024 до 31.12.2024, сите нови Visa Vita или Mastercard Credit Contactless кредитни платежни картички се со промотивна каматна стапка од 6,6%. Поволностите на промотивниот период во однос на каматната стапка може да ги користат клиентите кои се приматели на плата во Халкбанк АД Скопје. од 5% и плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на банката.
Најголемите предности на Visa Vita и Mastercard Credit Contactless се: можноста за повлекување готовина без провизија последните седум денови од секој месец од банкоматите на Халкбанк АД Скопје и добивање на 10% пониски цени при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.
При плаќање со кредитните картички на Халкбанк на ПОС терминали на Халкбанк, добивате можност да собирате и бонус поени во пре-дефинирани периоди на различни типови продажни места – објавени од страна на Банката. Собраните поени може да се искористат при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк, при што 1 бонус поен е еднаков на 1 денар.
Во текот на промотивниот период првите 1000 апликации за овие картички поднесени во филијала добиваат 1000 бонус поени, додека пак првите 500 апликации преку е-банкинг добиваат 2000 бонус поени.
Картичките се меѓународни, поддржуваат интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни и за истите добивате мејл известување за секоја направена трансакција.
Покрај тоа, ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code).
Постои можност за online аплицирање за картичките преку Електронско банкарство или Мобилната апликација.
ПР