Црна хроника
Лекарка од Струмица незаконски издавала оправдувања на ученици

Лекарка од Струмица незаконски издавала медицински белешки на ученици и за тоа им наплаќала од 50 до 100 денари за еден ден отсуство.
Таа од 2010 до 2013 година издала 33 медицински белешки на ученици за извршени прегледи заради оправдување на отсуството од училиште и за истото им наплаќала од 50 до 100 денари за ден отсуство.
Евидентните броеви на белешките не се совпаѓале со броевите во медицинската документација што ја водела.
Против 64-годишната лекарка и нејзината приватна здравствена установа Медикус поднесена е кривична пријава./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Блокиран пат кај Велес поради сообраќајна несреќа

Од 15.25 часот на регионалниот пат кај мотел Велес до Велес, сообраќајот е во целосен прекин.
Од АМСМ информираа дека прекинот е поради сообраќајна несреќа.
Засега нема информации дали има повредени во несреќата.
Црна хроника
Автомобил удри во жена во Струмица

Вчера на крстосницата од улиците Братство единство и Браќа Миладинови во Струмица, автомобил „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.С. од селото Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале.
Случајот во МВР го пријавила 37-годишна битолчанка, а според информациите, децата, во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзината другарка на полови дејствија.
Се преземааат мерки за расчистување на случајот.