Црна хроника
Тешко повреден возач откако со возилото излетал од пат кај Кратовско
Синоќа во 22:40 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на регионалниот пат во с.Туралево, Кратовско, на место викано Блокови, патничко моторно возило „застава југо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(51) од с. Филиповци, Кратовско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Кратово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возач со џип удри во дете на велосипед и тешко го повреди
Вчера во 16.46 часот по ОВР Кочани било пријавено дека малолетник се здобил со тешки повреди додека управувал со својот велосипед откако во него удрил џип управуван од 33-годишниот В.В од Кочани. Несреќата се случила на на крстосница од ул.„Скопска“ и ул.„П.Вељанова“ во Кочани.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Кочани.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Кочани.
Црна хроника
Пешакот на магистралниот пат Штип-Кочани го усмртил 26-годишен возач со „опел астра“
Денеска во ОВР Кочани било пријавено дека околу 08.00 часот на магистралниот пат Штип – Кочани, кај с.Тркање, патничко возило „опел астра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.А.(26) од с.Облешево, кочански, удрило во пешакот С.С.(56) од с.Теранци, кочанско.
Од здобиените пешакот С.С. починал на местото, а лекар констатирал смрт.
Увид извршила екипа од ОВР Кочани
Црна хроника
Полицијата правеше претрес во Прилеп, приведе едно лице и најде дрога
Полицијата вчера попладне го лишила од слобода Н.Н.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, различни таблети, грутчеста материја и дигитална вага.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава