Спорт
Роџерс: Се чувствувам посрамено
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/Leicester-City-boss-Brendan-Rodgers-6.jpg)
Менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс, им се извини на навивачите, по срамната елиминација од ФА купот. Бранителот на трофејот, во четвртата рунда доживеа дебакл од Нотингем форест (4:1).
„Нашите фудбалери мора да се погледнат во огледало и да докажат дека се доволно добри за да бидат овде. Многу од играчите треба да напредуваат. Ова беше ужасен натпревар за нас. Морам да им се извинам на навивачите. Не покажавме никаква желба, а грешките влијаеа врз целиот тим. Прв пат откако го презедеов тимот се чувствувам посрамено“, рекол Роџерс и дополнил.
„Некои мислат дека се врвни играчи, но далеку се од тоа. Некои можеби постигнаа се што можеа. Ги гледам секој ден на тренинзите. Некои со освојувањето на ФА купот си ги остварија сништата. За мене тоа не е остварување на сонот“.
Лестер се 10. на табелата во Премиер лигата, во наредното коло ќе играат против Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
ШАХ: започна трката за двете места во елитната дивизија; ШК Мулти Есенс стартуваше со победа во првиот настап
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Multi-Esens-2-Liga-2024_1kolo.jpg)
Вчера во Струга се одиграа партиите од првото коло од Втората шаховска лига на Македонија, во која настапува и новоформираниот шаховски клуб „Мулти Есенс“, кој, во согласност со стратегијата на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје, ќе биде полигон за калење млади шахисти во сениорска конкуренција.
Откако пролетва успешно ги минаа квалификациите, младинците од шаховската школа на нашиот најтрофеен колектив стартуваа со победа во првиот настап. Совладан е ЖШК Прилеп со резултат 3,5 : 2,5, што отсликува дека се играше борбено и без калкулации.
За ШК Мулти Есенс се повикани Теодор Јовановски (2.112), Стојан Велкоски (2.070), Матео Ефтовски (2.005), Андреј Иванов (1.905), Стефан Мелник (1.874), Дино Табаковски (1.852) и Кирил Николовски (1.842).
Во согласност со пропозициите, се игра на шест табли, а дозволено е тимовите да имаат најмногу по двајца странски играчи. Раководството на тимот вклучи двајца млади велемајстори: ВМ Лука Драшковиќ од Црна Гора (2.492) и ВМ Лука Будисављевиќ од Србија (2.478), кои ќе внесат искуство и стабилност. Тоа и се случи, па двете победи на првите две табли ја олеснаа ситуацијата, по што со ремито на Теодор Јовановски на третата табла и со победата на Матео Ефтовски на петтата табла беа освоени потребните поени за победа.
– Очекувано, првиот настап донесе мала возбуда и трема кај играчите. Сепак, најбитно е што излеговме како победници од овој дуел. На четвртата и на шестата табла играчите доживеаја релативно брзи порази, односно не го покажаа своето вистинско ниво и не ги исполнија очекувањата. Со мала промена во составот одиме во денешното второ коло, каде што повторно играме на победа против екипата на ШК Ласкер од Охрид, изјави капитенот на ШК Мулти Есенс, велемајсторот Трајко Недев.
На другите мечеви од првото коло фаворитите ја потврдија својата улога, па така ШК Кочани со 4,5 : 1,5 го совлада МШК Центар, а со идентичен резултат ШК Нов напредок од Штип го победи ШК Шах Шех од Битола. Најубедливо славеше ШК 7 Ноември, кој одигра 5:1 против ШК Шкендија од Тетово, додека, пак, со минимални 3,5 : 2,5 славеше ШК Карпош против ШК Ласкер од Охрид.
ПР
Спорт
Кошаркарите на Грција ја елиминираа Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/JANIS.jpg)
Кошаркарите на Грција во финалето од квалификациите за Олимписките игри ја совладаа селекцијата на Хрватска со 80:69 и изборија учество на турнирот во Париз.
Грците ја оправдаа улогата на фаворити на квалификацискиот турнир во Пиреја и по пауза од 2008 година, од последниот настап на Олимписките игри во Пекинг, повторно ќе бидат дел од Игрите, овојпат во Париз.
Хрватска вторпат по ред ќе го пропушти олимпискиот турнир, последен пат играа во Рио де Женеиро во 2016 година и го освоија петтото место.
Грција на Олимпијадата ќе игра во групата А против Канада, Австралија и победникот од дуелот меѓу Шпанија и Бахамите.
На дуелот против Хрватска најефикасен беше Јанис Антетокоунмпо со 23 поени, а Јоргос Папаѓанис постигна 19 поени. Кај Хрватите се истакнаа Ивица Зубац и Дарио Шариќ кои забележаа дабл-дабл учинок. Зубац имаше 19 поени и 12 скока, а Шариќ 14 поени и 12 скока. Матео Дрежњак и Марио Хезоња постигнаа по 15 поени.
Спорт
(ВИДЕО) Синот на Ѓоковиќ стана хит на Вимблдон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/NOVAKKKKK.jpg)
Stefan Djokovic imitating dad's smash is too cute ☺️#Wimbledon | @DjokerNole pic.twitter.com/TuIDJelNcQ
— Wimbledon (@Wimbledon) July 6, 2024
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со голема поддршка од семејството се пласираше во четвртото коло на Вимблдон.
За време на натпреварот против Алексеј Попирин на трибините беа и неговата сопруга Јелена, синот Стефан и ќерката Тара.
А колку секој поен му значеше на неговиот син, со кој Новак повремено тренира и се загрева, покажа четвртиот сет од мечот кој заврши 4:6, 6:3, 6:4, 7:6 (3).
Се играше тај-брејк кога Новак сервираше за 3:2 и тоа одлично го направи. Доволно за Попирин да ја врати топката веднаш преку мрежата.
А потоа Стефан го привлече вниманието на британската јавност и организаторите на Вимблдон.
Тој покажа како татко му ја удира топката, имитирајќи го Новак кон крајот на еден не толку лесен натпревар. Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Холгер Руне, кој во пет сета го совлада Квентин Халис.