Вести
Сириската опозиција предупредува на немоќта на меѓународната заедница
Висок функционер на сириската вооружена сунитска опозиција којашто ја поддржуваат сунитските земји од Заливот и Западот, Риад Хиџаб, предупреди во вторникот на слабоста на меѓународната заедница и недостигот од истрајноста во дипломатските напори да се воспостави примирје во Сирија.
Во разговорот со неколку новинар, Риад Хиџаб, кој е координатор на опозицискиот Висок комитет за преговори (HCN), исто така, ги обвини Дамаск и Москва дека се одговорни за нападот на хуманитарниот конвој во понеделникот во Алепо и додаде дека располага со сигурни информации.
„Авиони на режимот и русите се одговорни за тој напад. Никој нема друг воздухопловство во таа област“, рече Хиџаб, пренесе AFP,
Претходно и Дамаск и Москва објавија дека немаат поврзаност со инцидентот на хуманитарниот конвој. Руското министерство за одбрана објави дека конвојот го следело со беспилотно летало и ја објави таа снимка на која се гледа дека врз конвојот не се дејствува од воздух. Исто така, коментираше дека и снимката којашто ја објави организацијата „Бели шлемови“, исто така, покажува дека нема оштетувања на камионите од авионски проектили, и оти тие се запалиле.
„Во тој трагичен инцидент Обединетите нации беа на директен удар. Сега гледаме дека нема последици од тој напад. Тоа е нов доказ за целосната немоќ на меѓународната заедница. Доколку нема последици, ако не постои механизам за набљудување кој би можел да ги одреди одговорните за кршењето на примирјето, тогаш нема веродостоен процес кој би требало да воведе преки на огнот“, истакна Хиџаб.
Војната во Сирија е доминанта тема на Генералното собрание на Обединетите нации, кое започна во вторникот во Њујорк. САД и Русија на 9-ти септември склучија договор за примирје, кое започна на 12-ти септември, но пропадна во понеделникот кога сириската армија го прогласи за неважечко, обвинувајќи ги бунтовниците дека го прекршувале прекинот за огнот и оти не се придржувале до договорот да се дистанцираат од радикалните исламистички групи.
Министрите за надворешни работи на Меѓународната група за поддршка на Сирија (ISSG) и натаму се упорни на продолжување на примирјето во земјата, дури и по објавата дека тоа престанува да важи од страна на Дамаск. Шефовите на дипломатиите велат дека бараат политичко решение и оти се усогласија врз основа на американско рускиот договор дека тој, и покрај продолжувањето на насилствата, е „императив, рече портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Џон Кирби.
Од своја страна, Русија продолжи да ги повикува САД да се согласат да се објави содржината од нивниот заеднички договор за примирјето во Сирија, што Вашингтон го одбива.
„Русите се обидуваат да добијат на време за да ги зацврстат воените напредувања на режимот на теренот. Тие манипулираат со запирањето на насилствата и со резолуциите на ОН, но немаат намера да ги покренат. Немаме ни малку доверба во руската страна, чијашто стратегија е единствено воена“, обвинува Хиџаб./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.