Свет
Кина со порака: Проширувањето на НАТО не придонесува за глобалната безбедност и стабилност
Кина смета дека проширувањето на НАТО не придонесува за глобалната безбедност и стабилност, се вели во соопштението објавено на официјалната веб-страница на кинеската мисија во ЕУ.
„Триесет години по крајот на Студената војна, НАТО продолжува да ги проширува својата географска област и опсег на операции ангажирајќи се во блок-политика и конфронтација. Тоа не придонесува за глобалната безбедност и стабилност“, се вели во соопштението.
Кинеската страна нагласува дека регионалната безбедност не треба да се обезбедува со зајакнување или проширување на воените блокови.
„Го повикуваме НАТО да се откаже од менталитетот на Студената војна и од идеолошките предрасуди, да ги почитува суверенитетот, безбедноста, интересите, како и различноста на цивилизациите, историјата и културата на другите земји“, се наведува во текстот.
Да потсетиме, претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Шји Џјинпинг, на 4 февруари во Пекинг потпишаа заедничка изјава за меѓународните односи, кои се на прагот на нова ера и глобален одржлив развој.
Во документот, меѓу другото, се нагласува дека двете земји се против натамошното проширување на НАТО и се повикува алијансата да го запре пристапот од времето на Студената војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.
Свет
Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
Бројот на загинати од израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут, жариште на проиранското движење Хезболах, се искачи на 31, соопштија денеска властите.
„Меѓу загинатите има три деца и седум жени“, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција, додавајќи дека најмалку 68 лица се повредени во петочниот штрајк.
Претходно, Министерството објави дека загинале најмалку 12 лица.
Во меѓувреме, бројот на жртви од координираните експлозии со електронски уреди во Либан на почетокот на оваа недела се зголеми од 37 на 39, соопшти Министерството за здравство.
Европа
Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад
Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад според новиот закон потпишан од претседателот Володимир Зеленски, кој претходно беше усвоен од Парламентот, јави ДПА.
Локалните медиуми денеска објавија дека новиот закон ги зголемува воените трошоци за 500 милијарди гривни (околу 12 милијарди долари). Засилувањето ќе се финансира со заеми, даноци и зголемување на давачките за тутунот и горивото. Зголемувањето треба да се искористи за исплата на надоместоци за војниците во првите редови овој месец.
Земјата се брани од руска инвазија повеќе од две и пол години. Украина вели дека добила преку 98 милијарди долари финансиска помош од странство од почетокот на војната во февруари 2022 година.