Спорт
Сколари: Кога почина татко му, Роналдо инсистира да игра против Русија
Бразилската тренерска легенда, Луиз Фелипе Сколари, во својата кариера работеше со некои од најголемите фудбалски ѕвезди на светот и вели дека му се воодушевува на Кристијано Роналдо кому имаше тажна обврска да му соопшти дека татко му починал.
Сколари беше селектор на Португалија од 2003 до 2008 и со нив стигна до финалето на Евро 2004 кога Португалија беше домаќин. Таткото на Роналдо почина во 2005 година кога тој имаше само 20 години и беше во репрезентацијата подготвувајќи се за мечот со Русија.
„Тоа беше многу тешко, но тоа беше момент што направи врска меѓу нас двајца, врска што ги надминува односите тренер – фудбалер. Кога пристигнаа вестите пред мечот со Русија, никој не знаеше како да му каже и никој не сакаше да го направи тоа. Бидејќи знаев како е да се загуби родител, им кажав дека тоа е моја обврска. Беше тажно. Следниот ден тој одигра одличен натпревар и се врати во Португалија. Самиот побара да игра. Ми рече: ‘Не можам да направам ништо за мојот татко, така што утре ќе играм и потоа ќе одам’“, вели Сколари.
Тој додава дека е точно оти Роналдо не е најталентираниот фудбалер во историјата, но дека тоа го надополнува со посветеност и работа.
„Тој е најпосветениот фудбалер од сите што сум ги запознал. Да, можеби не е најталентираниот, но сигурно е најпосветениот. Тоа е првата вредност што ја помислувам за него“, додава Бразилецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рибакина го освои Завршниот мастерс
Елена Рибакина е победничка на Завршниот мастерс во Ријад. Во финалето беше подобра од Арина Сабаленка со 6:3, 7:6.
Рибакина стигна до својата нова титула во кариерата, а особено сега добива на вредност, бидејќи во финалето ја победи тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка.
Еден брејк го одлучи исходот од првиот сет. Додека во вториот сет, воопшто не немаше брејк, па конечниот исход дојде по тај-брејк, во кој Рибакина ги освои сите поени.
Ова е нејзина 11-та титула во кариерата, и прва на Завршниот мастерс.
CHAMPION in Riyadh! 🏆
Elena Rybakina captures the WTA Finals title, defeating Sabalenka 6-3, 7-6(0) 🙌#WTAFinalsRiyadh pic.twitter.com/jYP48SWTBh
— wta (@WTA) November 8, 2025
Спорт
(Видео) Епско финале во Атина – Ѓоковиќ го победи Мусети
Легендата на светскиот тенис ја освои 101-та АТП титула во својата монументална кариера. Во финалето на турнирот во Атина, Србинот го победи Италијанецот Лоренцо Мусети со 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 7:5). Спектакуларното финале во ОАКА арената траеше три час, од нив 90 минути се играше решавачкиот сет.
На крајот, Ѓоковиќ го искина дресот во емотивен напад и покажа колку му значи оваа титула. Само Џими Конорс со 109 и Роџер Федерер со 103 се пред Новак по бројот на титули во историјата на тенисот.
Ова беше трето финале за Ѓоковиќ во 2025 година. Во Мајами, тој го загуби мечот за титулата од Јакуб Меншик, но во Женева стигна до својата јубилејна и 100-та титула победувајќи го Хуберт Хуркач. Вкупно, Ѓоковиќ одигра 144 финалиња во својата кариера, завршувајќи со победата над Мусети.
Музсти, рангиран на деветтото место во светот, се бореше не само за титулта, туку и за место на Завршниот мастерс.
Сепак, по поразот од Новак, последен патник за финалето на АТП ќе биде Феликс Оже-Алијасим од Канада.
Ова беше десеттиот натпревар помеѓу Ѓоковиќ и Музети, а Новак сега има девет победи во натпревари против ривал кој е 15 години помлад.
Мусети одигра како во транс во првиот сет, погодуваше од сите позиции, а брјкот во третиот гем му беше доволен да поведе со 1:0. Ѓоковиќ возврати во вотриот со иста мерка, клучен беше осмиот гем кога го скрши Мусети.
И во третиот сет… Посебна драма.
Новак прави брејк за 3:1, Мусети се врати за 3:3, Новак возврати за 5:3.
Драмата не заврши тука.
Мусети успеа да се врати и да израмни на 5:5, но следеше уште еден брејк. Овој пат, Новак успеа да сервира за победа и да ја освои својата 101-ва титула.
A THREE HOUR FINAL ENDS WITH A SMILE
NOVAK WINS TITLE NO. 101
— Barstool Tennis (@StoolTennis) November 8, 2025
Спорт
(Видео) Евертон го надигра Фулам, Вест Хем го победи Барнли
Фудбалерите на Евертон и Вест Хем забележаа победи во натпреварите, во Премиер лигата, кои започнаа во 16 часот.
Евертон го победи Фулам со 2:0 во натпреварот од 11-то коло од Премиер лигата на стадионот „Фил Дикинсон“.
Интересен меч одиграа „карамелите“ против гостите од Лондон, Славеа со головите на Идриза Гана Геј во првото и Мајкл Кин во второот полувреме.
На овој натпревар ВАР-от му поништи три гола на Евертон.
Вест Хем се врти во живот со новиот тренер, Нуно Еспирито Санто. Откако во минатото коло го победија Њукасл, „чеканите“ во 11-та рунда славеа над Барнли со 3:2.
Гостите водеа од 35-та минута со голот на Ијан Флеминг. Вест Хем одговорија со три гола.
Изедначи Калум Вилсон, пресвртот го комплетира Томаш Соучек, а Кајл Вокер-Питерс удри печат на победата.

