Спорт
Кошмарна олимпијада за Михаела Шифрин

Зимските олимписки игри во Пегинг станаа кошмар за легендарната Американка Михаела Шифрин. Откако не ја заврши трката во велеслалом, не успеа да стигне до целта ниту во омилената дисциплина, слалом.
Траката во слалом, во која победи Петра Влхова, Шифрин ја заврши на самиот почеток. Американката излета од патеката по само осум секунди. Истото ѝ се случи и во велеслалом, на патеката се задржа само 11 секунди.
Откако излета од патеката во слалом, Шифрин 25 минути седеше крај патеката, дури потоа се спушти до целта.
„Се навраќамм на сè она што се случуваше во последните 15 години, за сè што мислев дека знам за скијањето, за менталитетот што го имам. Притисокот беше голем, но мислам дека тоа не беше проблемот денес“, рекла 26-годишната Американка.
ЗОИ во Пекинг се трети во кариерата за Шифрин. Во 2014 година во Сочи беше златна во слалом, а во 2018 година во Пјонгчанг освои злато во велеслалом.
“But when I had a mentality that I actually thought would be quite strong today, it ended up being totally the opposite”
Mikaela Shiffrin is left devastated after crashing out of the slalom after her first run ?#Beijing2022 | #AlpineSkiing pic.twitter.com/NsvFhXrMb1
— Eurosport (@eurosport) February 9, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Легендарниот тренер јавно му се поклони на Коди Милер-Мекинтаер

Кошаркарите на Црвена звезда го победија Реал со 90:75 во петтото коло од Евролигата. Црвено-белите одиграа брилиајнтен натпревар против „кралскиот клуб“, а до победата ги предводеше Коди Милер-Мекинтаер со 18 поени и по осум скока и асистенции.
Играчите на Црвена звезда го воодушевија легендарниот Владе Ѓуровиќ. Српскиот тренер кој изненадувачки го водеше Шибеник до титулата во поранешна Југославија во 80-тите, а сензационално и Задар, сега е аналитичар за Арена Спорт.
По големата победа на Звезда над шампионот на Шпанија, Ѓуровиќ стана од масата во студиото и буквално му се поклони на играчот за кого претходно рече дека на тимот му се потребни засилувања на таа позиција.
„Фантастична победа, голема победа, фантастична публика. Борбеноста на Звезда е фантастична, како што ветија. Саша Обрадовиќ како тренер е фантастичен. Сега морам да станам и длабоко да му се поклонам на Коди Милер-Мекинтеар, морам да му се извинам. Ова е можеби неговата најдобра игра во кариерата. Одигра докторски. Но, сепак мислам дека на Звезда му е потребен уште еден плејмејкер, но сега нема да зборуваме на таа тема.“
Милер-Мекинтаер (31) беше најдобар асистент во Евролигата во 2024 година играјќи за Басконија, по што се пресели во Звезда минатото лето. Тој е Американец, но со бугарско државјанство и игра за репрезентацијата на Бугарија.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) „Гери Невил е предавник“

Дуелот помеѓу Салфорд Сити и Олдам Атлетик во Лига 2 беше кратко беше прекинат, поради инвазијата на домашните навивачи на теренот.
Неколку навивачи го „нападнаа“ теренот во текот на првото полувреме. Сите беа облечени во бели дуксери со натпис „Гари Невил е предавник“.
Навивачите носеа и знамиња, а еден од нив дури се обиде да го забоде знамето во центарот на теренот. Најмалку двајца навивачи успеаја да стигнат до самиот терен пред да бидат фатени од редарите.
Нападот на навивачите на теренот беше проследен со извици „Гари Невил е ку.ка“ и „Англија, Англија“.
Flag protests against Salford City owner Gary Neville #oafc pic.twitter.com/kO0Ikai5da
— Suzanne Geldard (@SuzanneNQNW) October 18, 2025
Навивачите се безни поради неодамнешните критики на Невил за честото прикажување на знамињата „Јунион Џек“ и „Св. Ѓорѓи“.
Невил рече дека белците на средна возраст сакаат да ги поделат луѓето во земјата на овој начин. Тој оцени дека тоа е злоупотреба на самите знамиња, но и на чувствата што ги предизвикуваат кај луѓето.
Невил е еден од сопствениците на Салфорд Сити од 2014 година, кога тој, Пол Сколс, Ники Бат, Фил Невил и Рајан Гигс го купија клубот. Сега тој и Дејвид Бекам се мнозински сопственици.
Спорт
(Видео) Педро Нето го реши Нотингем Форест

Челси ја продлабочи кризата на Нотингем Форест со победата на „Сити граунд“ (3:0), во првиот меч од осмото коло во Премиер лигата.
„Шумарите“, минатата сезона беа најпријатното изненадување во Премиер лигата, до самиот крај се бореа за четвртото место, оваа сезона како што стојат работите ќе се борат за опстанок.
Нотингем Форест го доживеа петтиот пораз, остана на само една победа и доколку Барнли и Вест Хем победат во ова коло, ќе бидат претпоследни на табелата.
На сите им беше јасно дека тимот од Нотингем не требаше да го отпушти тренерот Нуно Еспирито Санто, негвиот наследник Ангелос Постекоглу, веројатно ќе доби отказ, по само еден месец. На седум натпревари на клупата на поранешниот европски шампион, тој има пет порази и две нерешени резултати.
Неговиот тим се одржа на овој натпревар во првите 45 минути, а целосно се распдна во второто полувреме.
Во 49-та минута, Ачеампонг го постигна првиот гол во својата кариера за Челзи, а само три минути подоцна, асистентот за водечкиот гол, Португалецот Нето го дуплираше водството со гол од слободен удар.
Рис Џејмс го постави конечниот резултат во 84-та минута.
Следниот предизвик во лигата за Челзи е на 25 октомври кога го пречекуваат Сандерленд, додека Форест ден подоцна ќе гостува кај Борнмут.