Македонија
(Видео) Лефков: Градоначалници на СДСМ преку тендери испумпувале пари

Градоначалниците на СДСМ имале изграден систем на криминални тендери, кажа на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Излегуваат на виделина, додаде тој, матните зделки кои градоначалниците на СДСМ во претходниот мандат ги имаат направено.
„Ќе откриеме скандалозна тендерска постапка спроведена во општина Бутел во времето на мандатот на Велимир Смилевски, градоначалник од редовите на СДСМ. Станува збор за тендер за изградба на ново јавно улично осветлување на територија на општина Бутел во 2021 која го добила компанијата Друштво за производство трговија и услуги Провиз ДООЕЛ увоз – извоз Визбегово Скопје, согласно огласот под број 12277/2021 – вредност на склучен договор со ДДВ, 12.036.000 денари. Компанијата посочениот тендер го добива врз основа на најниска понуда, постигната на јавниот повик ама во т.н. ‘најниската понуда’ која е добиена како збир на единечни цени се крие сериозна манипулација и злоупотреба!“, објасни Лефков.
„Компанијата согласно техничката спецификација нуди екстремно ВИСОКИ цени по единица производ за производи кои општината ги набавувала во големи количини и екстремно НИСКИ цени за производи кои општината според договорот ги бара во минимални количини или воопшто не ги бара! Во услови на вакви разлики на цени за производи кои имаат слични спецификации, постои основано сомнение дека поскапите секогаш биле преферирани за набавки, и на тој начин освен што се злоупотребувал тендерот, биле трошени енормни народни пари со цел богатење на приватни фирми“, додаде Лефков.
Смета дека по ова се наметнува прашањето дали Велимир Смилевски ги злоупотребил своите овластувања и од компанијата „Провиз“ набавувал огромни количини од поскапите продукти? Дали на овој начин се испумпувале парични средства од буџетот на Општината на сметка на приватни компании? Дали разликата и добивката од набавката на поскапиот продукт му е исплаќана на сметка или „на рака“, односно во готово?
Доколку се докаже дека Општина Бутел ги набавила производите кои имале екстремни цени, а ги избегнувале продуктите кои чинеле по 1.8 денари тогаш се работи за класичен криминал со кој, како што оценува тој, се испумпувале буџетските пари на сметките на приватни компании и за тоа мора да има кривична одговорност.
Ги повика надлежните институции да го испитаат овој тендер, ЈО да постапи согласно своите надлежности, а Финансиската полиција да провери каде завршувале парите од сметките на оваа приватна компанија!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ е причина за 2% доверба во судството

СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ.
Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДС и ДУИ.
СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДС, ДУИ и Коцевски.
Очигледно е дека СДС и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висоока корупција како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети.
Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.
Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има.
Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка.
На Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, правосудство растеретено од политички влијанија каде судиите и обвинителите ќе носат одлука врз основа на законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси на СДС и ДУИ.
Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а максималните од 26 до 36 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната дневна ќе достигне 36 степени.
Македонија
Бендевска: Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, одбележа 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
„На хероите на двата Илиндена кои се жртвуваа за денес да можеме да бидеме свои на своето, да им ветиме уште еднаш дека денешните генерации нема да го заборават заветот што ни го оставија. Да ги насочиме нашите погледи, стремежи и напори од заедничкото минато, кон заедничката сегашност и иднина. Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ“ – порача потпретседателката Бендевска.