Црна хроника
Тешко повреден малолетен пешак во Скопје
Малолетен пешак е тешко повреден откако во него удрил автомобил на улицата Методија Шаторов Шарло во Скопје.
Несреќата се случила вчера, а возилото го управувал 68-годишниот Д.М. од Скопје.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете паднало од електричен тротинет во Гостивар, заврши во болница со тешки повреди
Синоќа во сeлото Врапчиште, Гостиварско, малолетник од истото село, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.
Притоа се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентниот центар Гостивар.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Трактор и автомобил се судрија во Струмичко, тешко повреден едниот од возачите
Вчера во 05.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во селото Мокриево, Струмичко, се случила сообраќајка помеѓу трактор „фергусон 595“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.И.(48) од селото Мокриево, струмичко и автомобил „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ѓ.Б.(64) од село Градашорци, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, а увид на местото извршила полициска екипа.
Црна хроника
Приведена прилепчанка поради извршена кражба, одземеното вратено на сопственикот
Вчера во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода 42-годишната Е.М. од Прилеп поради сомнение дека од домот на 74-годишниот И.М. од Неготино одзела пари, извести МВР.
Е.М. била приведена во полициска станица, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.