Македонија
Пратениците ја изгласаа потребата од носењето на предлог-законот за минималната плата
Со 101 глас ЗА, ниту еден против и без воздржани пратениците ја изгласаа потребата од носењето на предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за минимaлна плата во Република Северна Македонија.
Со предлог-законот кој се носи по скратена постапка минималната плата ќе изнесува 18.000 денари.
Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со предлог-законот се менуваат критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, согласно податоците од Државниот завод за статистика.
Таа потенцираше дека до ова законско решение се дојде преку дијалог со социјалните партнери.
„Тоа е потврда дека за најважните прашања во државата одлуките кои се во интерес на граѓаните ги носиме заедно. Овие измени ќе опфатат околу 80.000 наши сограѓани, кои со исплатата на мартовската плата од април ќе добијат покачување на платата од 15.200 на 18.000 денари. Со цел системско решавање на прашањето на минималната плата, со предлог-измените се предвидува висината на минималната плата да не може да биде пониска од 57% од просечната плата објавена од Државниот завод за статистика, за претходната година“, рече Тренчевска.
Предлог-законското решение треба да ги помине собраниските комисии за труд и социјална политика и законодавно-правната комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

