Спорт
Рој Кин ја одби можноста да се врати во Сандерленд
Рој Кин ја одби шансата да се врати како менаџер на Сандерленд иако беше на разговор со газдите на клубот.
50-годишниот Кин пред 15 години го предводеше Сандерленд до титулата во Чемпионшип и влегување во Премиер лигата, но сега решил да ја одбие понудата поради проблеми со договорот, тврдат британските медиуми. Сандерленд, кој моментно е во третата англиска лига, сега бара нови опции во Грент Мекен и Алекс Нил како главни кандидати. Сандерленд има два пораза по отпуштањето на Ли Џонсон и падна на четвртото место во Лига 1.
Сандерленд прв му даде шанса на поранешниот капитен на Манчестер јунајтед во 2006 и тој беше на чело на клубот 100 меча пред да си поднесе оставка во 2008 година поради несогласувања со газдата. Потоа тој работеше во Ипсвич таун две години пред да биде помошник-тренер во ирската репрезентација, Астон вила и во Нотингем форест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен за Норис: Ова нема да биде неговата последна победа
Втор пат во 2024 година, Макс Ферстапен не триумфираше на една од трките во Формула 1 шампионатот Холанѓанецот мораше да се откаже во Австралија поради проблеми со сопирачките (победи Карлос Саинц), а во неделата вечерта во Мајами, шампионот беше поразен од Британецот Ландо Норис.
Норис ја постигна првата победа во својата 110. трка во кариерата, а по тој повод зборуваше и Ферстапен.
„Понекогаш победуваш, а понекогаш губиш. Сите сме навикнати на тоа во тркачкиот свет, нели? Денеска ми беше малку проблематично. Дури и на мидиум пневматиците не се чувствував удобно. Правевме предност но не на востонски начин. Кога слушнав како Мекларен поминува во боксот, помислив: „Леле, тоа е навистина брзо“. Тој леташе. Тој дел беше навистина тежок за нас“, изјави Макс Ферстапен по трката.
„Многу сум среќен за Ландо. Долго чекаше на оваа победа, а нема да му биде последна. Дефинитивно го заслужи триумфот“, изјави актуелниот шампион во Формула 1.
На прашањето дали оваа трка е одраз на вистинската брзина на надградениот болид на Мекларен, Ферстапен одговори:
„Се надевам дека не!
Во генералниот поредок води Верстапен со 136 бодови, пред Перез со 101, додека Леклер е трет со 98.
Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува со Големата награда на Емилија Ромања на патеката „Енцо и Дино Ферари“ од 17 до 19 мај.
Спорт
Ѓоковиќ ќе биде број 1 сигурно до 10 јуни
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во понеделникот ја започна 424-та недела како број еден на АТП листата. Со други зборови, освојувачот на 24 Грен слем титули е најдобар тенисер на планетата повеќе од осум години.
За дополнително да се илустрира надмоќта на најуспешните на сите времиња, треба да се каже дека Новак сега има точно 200 недели како број 1 по неговиот 30-ти роденден. За споредба, Рафаел Надал има вкупно 209 недели на врвот на АТП листата во целата своја кариера.
Она што е уште повпечатливо е што на владеењето на Ѓоковиќ не му се гледа крајот и покрај тоа што има 37 години. Второпласираниот на АТП ранг листата Јаник Синер поради повреда на колкот нема да учествува на Мастерсот во Рим, па математички никој нема да може да го претекне Ѓоковиќ до 10 јуни.
Младиот италијански ас поради повреда се откажа од Мастерсот во Рим, а неизвесен е и за Ролан Гарос. Ѓоковиќ обезбеди да биде на врвот вкупно 428 недели.
АТП листа:
1. Новак Ѓоковиќ 9.990
2. Јаник Синер 8.860
3. Карлос Алкараз 7.345
4. Данил Медведев 7.195
5. Александар Зверев 5.435
6. Андреј Рубљов (+2) 4.740
7. Касепер Руд (-1) 4.535
8. Стефанос Циципас (-1) 3.860
9. Хуберт Хуркач 3.730
10. Григор Димитров 3.605
Спорт
Спортинг ја освои титулата во Португалија
Фудбалерите на Спортинг од Лисабон вторпат во последните три години ја освоија титулата во Португалија.
Екипата од Лисабон на две кола пред крајот на првенството има недостижни осум бода повеќе од Бенфика која во неделата вечерта беше поразена на гостувањето кај Фамаликао со 2:0.
Спортинг го одработи својот дел во саботата со победата од 3:0 против Портимоненсе, а Фамаликао потоа направи преостанатите две кола да бидат формалност во борбата за титулата.
Клубот од Лисабон го освои 20. шампионски пехар и се наоѓа на третото место на вечната листа зад Бенфика (38) и Порто (30).