Спорт
Нови бизарни ММА-борби во Русија – 75-годишен дедо и неговиот внук против жена!
ММА-борбите во Русија, како и во целиот свет, се екстремно популарни. Но, никој не може да им парира во бизарните борби, освен можеби Полјаците.
Во последната епизода од ваквите борби, 28-годишната Јулија Мишко влезе во кафезот за борба без ракавици против 75-годишниот Владимир Спартак и неговиот 18-годишен внук Биг Игибоб како дел од Епик фајтинг шампионатот (ЕФЦ).
Двајцата мажи, без искуство во борбите, издржаа шест рунди против Мишко, позната по својот прекар Томбој. Во еден момент од мечот внукот покажа колку е храбар кога избега од ударите на Мишко оставајќи го својот дедо да добие низа удари и да заврши на подот. Потоа на ред дојде и Биг Игибоб, кој исто така беше спружен на подот.
Дедото Спартак изјави дека немал надеж оти ќе победи во мечот по третата рунда иако подоцна судијата одлучи дека се работи за реми.
it’s here and it’s beautiful. first we have Yulia Mishko vs Vladimir Spartak and his grandson BIG IGIBOB. fight goes to distance. #popMMA pic.twitter.com/A7fro1gQEU
— Matysek (@Matysek88) February 9, 2022
Ова не беше единствено шоу на последното случување на ЕФЦ – тука беше и мечот помеѓу 240 килограми тешкиот Григориј Хистјаков против Александра Степакова, која тежи 60-ина килограми. По три рунди, огромниот Хистјаков, сепак, победи на поени.
massive Grigory Chistyakov vs female strawweight Aleksandra Stepakova ends in a decision. you can see on Aleksanda face no fake punches here . #popMMA pic.twitter.com/5kh3rKEl64
— Matysek (@Matysek88) February 9, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Челзи победи во Барнли, блескаше Педро Нето
Фудбалерите на Челзи, славеа во Барнли (2:0), во првиот натпревар од 12-то коло во Премиер лигата. „Сините“ славеа победа со головите на Педро Нето и Енцо Фернандес. Челзи, по некомплетното коло, скокна на второто место со 23 бода, Барнли остана на 17-та позиција со 10 поени.
Во отсуство на Кол Палмер, Челзи го предводеше Португалецот Нето. Тој беше двигателот на сите акции на „сините“. Го постигна првиот гол во 37-та минута, по акција која тој ја започна, а потоа добро реагираше со глава по центаршутот на Гитенс.
Португалецот можеше да стави точка во средишницата на вториот дел, но неговиот удар заврши во стативата.
Победата на Члези ја потврди, Енцо Фернандез во 88-та минута, откако добро ја испрати кацијата на Марк Гиу.
Спорт
Тренерот на Хјустон откри која е клучната разлика меѓу Јокиќ и Шенгун
Тренерот на Хјустон, Име Удока, зборуваше за честите споредби помеѓу Никола Јокиќ и Алперен Шенгун. Подуелот на двата тима во Тексас, кој заврши со победа на Денвер (112:109), рече дека се согласува со споредбите, дека меѓу двата центри постојат многу допирни точки, но и дека има една клупна разлика.
Удока рече дека Шенгун и Јокиќ делат голем број карактеристики кои се ретки кај високите играчи: елитна способност за додавање, изолациска игра и изразена дарба за со грб да нападнат кон кошот.
„Тие прават многу исти работи и затоа целосно ги разбирам споредбите“, истакна тренерот.
Сепак, тој додаде дека искуството на Јокиќ е фактор што оди во корист на српскиот центар.
„Јокиќ игра на МВП ниво поеќе од пет години, го мина шампионскиот пат и сè што оди со него. Тоа е огромно искуство што му користи“, рече Удока. Од друга страна, тој нагласи дека Шенгун има физички предности:
„Алпи е малку подобар аткета, но тоа е тоа“.
Спорт
Заинтересираните клубови ги дознаа барањата на Левандовски
Роберт Левандовски веќе има понуди од други клубови, бидејќи мали се шансите да остане во Барселона по завршувањето на сезоната.
Впечатокот е дека најконкретен во овој случај е Фенербахче, кој сака да ја прекине доминацијата на Галатасарај во домашното првенство.
Ако некој знае како да освојува трофеи, тоа е Роберт Левандовски. Иако е во ветеранските години, тој сè уште е на исклучително високо ниво, постигнува голови, а тоа е она што е она што му е потребно на клубот од Истанбул.
Според турските медиуми, полскиот напаѓач сака да потпише договор на две и пол години и тоа е неговиот главен услов за преселба во Фенербахче, бидејќи парите веројатно нема да бидат проблем.
Овие извори тврдат дека, Фенербагче му нудат договор на година и пол, но се очекува претставниците на Левандовски да продолжат со преговорите во наредните месеци за да постигнат договор.

