Спорт
Астон Мартин го претстави новиот болид со големи амбиции во 2022
Астон Мартин го претстави својот нов болид АМР22 за сезоната 2022 со големи амбиции на тимот што во минатото беше познат како Рејсинг поинт.
Претставувањето се случи во присуство на двајцата возачи на тимот – Себастијан Фетел и Ленс Строл во седиштетото на компанијата во Гејдон, Велика Британија, каде што болидот беше поставен на фабричката лента, каде што се изработуваат славните англиски автомобили.
Тимот во сопственост на канадскиот милијардер Лоренс Строл (татко на Ленс) обезбеди голем спонзор во саудиската нафтена компанија „Арамко“, а тимот доби и засилување на лидерскиот и на техничкиот дел со ангажирањето на поранешниот шеф на Мекларен, Мартин Витмарш, на одговорниот за аеродинамика од Мерцедес, Ерик Бландин, и на Ендру Алеси, поранешниот главен инжинер на Ред бул.
Revealing the #AMR22 to the world. ? #WeClimbTogether pic.twitter.com/gme5GoUK9d
— Aston Martin Aramco Cognizant F1 Team (@AstonMartinF1) February 10, 2022

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Челзи победи во Барнли, блескаше Педро Нето
Фудбалерите на Челзи, славеа во Барнли (2:0), во првиот натпревар од 12-то коло во Премиер лигата. „Сините“ славеа победа со головите на Педро Нето и Енцо Фернандес. Челзи, по некомплетното коло, скокна на второто место со 23 бода, Барнли остана на 17-та позиција со 10 поени.
Во отсуство на Кол Палмер, Челзи го предводеше Португалецот Нето. Тој беше двигателот на сите акции на „сините“. Го постигна првиот гол во 37-та минута, по акција која тој ја започна, а потоа добро реагираше со глава по центаршутот на Гитенс.
Португалецот можеше да стави точка во средишницата на вториот дел, но неговиот удар заврши во стативата.
Победата на Члези ја потврди, Енцо Фернандез во 88-та минута, откако добро ја испрати кацијата на Марк Гиу.
Спорт
Тренерот на Хјустон откри која е клучната разлика меѓу Јокиќ и Шенгун
Тренерот на Хјустон, Име Удока, зборуваше за честите споредби помеѓу Никола Јокиќ и Алперен Шенгун. Подуелот на двата тима во Тексас, кој заврши со победа на Денвер (112:109), рече дека се согласува со споредбите, дека меѓу двата центри постојат многу допирни точки, но и дека има една клупна разлика.
Удока рече дека Шенгун и Јокиќ делат голем број карактеристики кои се ретки кај високите играчи: елитна способност за додавање, изолациска игра и изразена дарба за со грб да нападнат кон кошот.
„Тие прават многу исти работи и затоа целосно ги разбирам споредбите“, истакна тренерот.
Сепак, тој додаде дека искуството на Јокиќ е фактор што оди во корист на српскиот центар.
„Јокиќ игра на МВП ниво поеќе од пет години, го мина шампионскиот пат и сè што оди со него. Тоа е огромно искуство што му користи“, рече Удока. Од друга страна, тој нагласи дека Шенгун има физички предности:
„Алпи е малку подобар аткета, но тоа е тоа“.
Спорт
Заинтересираните клубови ги дознаа барањата на Левандовски
Роберт Левандовски веќе има понуди од други клубови, бидејќи мали се шансите да остане во Барселона по завршувањето на сезоната.
Впечатокот е дека најконкретен во овој случај е Фенербахче, кој сака да ја прекине доминацијата на Галатасарај во домашното првенство.
Ако некој знае како да освојува трофеи, тоа е Роберт Левандовски. Иако е во ветеранските години, тој сè уште е на исклучително високо ниво, постигнува голови, а тоа е она што е она што му е потребно на клубот од Истанбул.
Според турските медиуми, полскиот напаѓач сака да потпише договор на две и пол години и тоа е неговиот главен услов за преселба во Фенербахче, бидејќи парите веројатно нема да бидат проблем.
Овие извори тврдат дека, Фенербагче му нудат договор на година и пол, но се очекува претставниците на Левандовски да продолжат со преговорите во наредните месеци за да постигнат договор.

