Свет
Пицула: Групирањето руски сили на границата со Украина е глобална безбедносна закана

Групирањето руски сили на украинско-руската граница одамна не е локален проблем и денес претставува глобална безбедносна закана, изјави за Би-Би-Си хрватскиот европратеник Тонино Пицула.
„Украина влезе во осмата годишнина од војната со проруските сепаратисти кои со поддршка на Русија отцепија дури три источни украински региони – Доњецк, Луганск и Крим“, изјави Пицула за BBC World и BBC One.
Координаторот за надворешна политика на ЕУ од групата социјалисти и демократи во Европскиот парламент групирањето на руските сили на границата со Украина го оцени како глобална безбедносна закана, односно дека тоа одамна престанало да биде локален проблем. Сепак, тој ги пофали Украинците, односно нивниот разумен пристап.
– Можеби звучи парадоксално, но додека околу Украина се развива вистинска драма, граѓаните, но и државниот врв не се склони да драматизираат. Граѓаните секако се загрижени, но не оставаат впечаток дека се во паника – рече Пицула, кој ја пренесе оценката на своите украински соговорници дека нема потреба да се провоцира вонредна состојба со прикажување воена опрема на улиците за дестабилизација на банкарскиот систем и економијата.
– Дури и без директна воена агресија, Русија со години активно го поткопува демократскиот и социо-економскиот развој на Украина, дезинформациите и другите средства – рече тој.
Пицула ја коментираше и посетата на премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон (Брисел) на Брисел и неговата изјава „дека Европа е во најголема безбедносна криза во последните неколку децении“.
Пицула рече дека војната во моментов е поблиску од кога и да е во последните дваесет години, но оти верува оти има шанси се да се реши со силна дипломатија и оти верува дека единството на Западот е клучно.
– Мора да бидеме многу фокусирани на зачувување на единството на западните земји ако сакаме на најефикасен начин да ја одвратиме оваа потенцијална руска агресија – рече Пицула.
Според него, Украинците најмногу се грижат да слушнат јасна порака за поддршката на НАТО и ЕУ во евентуален конфликт со Москва.
– Не верувам дека меѓу европските лидери има такви кои би биле подготвени да ја игнорираат Украина, но мора да им овозможиме на Украинците да ја бранат својата слобода и начин на живот.
Оваа криза е голем стрес-тест за нас во Европската унија, најголем од војните по распадот на Југославија – рече Пицула.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина да се приклучи на НАТО, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Никој не се осмелува да го признае тоа, но ја загубивме оваа војна“, рече тој, додавајќи дека руската економија не се распадна, пренесува МТИ. На состанокот на претседателите на националните парламенти на земјите-членки на Европската Унија и претседателот на Европскиот парламент, Орбан предупреди дека и покрај ова, Европа сè уште ја продолжува војната и се однесува како да победата е можна.
Орбан верува дека светот е во состојба на трансформација споредлива со раѓањето на националните држави и Вестфалскиот мир. „Менталитетот на западниот свет се менува и Европејците мора да одговорат на овој процес“, нагласи Орбан, оценувајќи дека Европа е неподготвена.
„Како да сакавме да ги решиме проблемите од следната деценија со одговорите од претходната деценија, но старите вистини повеќе не функционираат. Светот се промени, а ние, Европејците, не успеавме да го следиме примерот“, заклучи тој.
Во Будимпешта денес започна Конференцијата на претседатели на парламентите на земјите-членки на Европската Унија насловена како „Европска иднина“. Конференцијата ја отворија унгарскиот премиер Виктор Орбан и претседателот на унгарскиот парламент Ласло Ковер, кои зборуваа за предизвиците со кои се соочува Европа.
Потсетувајќи дека оваа конференција е највисок форум за соработка меѓу националните парламенти и дека нејзина задача е да постави стратешки цели за соработка, Орбан рече дека унгарскиот парламент отсекогаш бил место на соработка и сцена на политички битки, како и на стратешки дискусии.
Тој ги покани учесниците на дијалог за две стратешки прашања кои, како што рече, ќе ја одлучат судбината на Европа и нејзините земји-членки во наредните децении и ќе ја одредат улогата на националните парламенти, наведувајќи дека првото прашање е заштитата на националниот суверенитет, а второто прашање е приемот на Украина во ЕУ.
Според Орбан, денес во светот се случува трансформација. „Нови ветрови дуваат во Соединетите Американски Држави. Програмата на прогресивен либерализам не успеа и беше заменета со патриотска политика. Оваа промена не е само внатрешен американски политички развој, туку има и сериозни меѓународни последици“, истакна Орбан, додавајќи дека ова претставува почеток на нова ера.
Тој истакна дека Кина напредува со брзо темпо и сега се натпреварува не само во индустрискиот капацитет, туку и во нивото на својата технологија.
Свет
Пожар во семејната куќа на британскиот премиер

Во раните утрински часови денеска, избувнал пожар во приватната куќа на британскиот премиер Кир Стармер во Северен Лондон.
Британската полиција истражува пожар во приватната куќа на премиерот Кир Стармер во северен Лондон, објави „Тајмс“, додавајќи дека никој не е повреден во инцидентот, кој бил расчистен преку ноќ и ја оштетил вратата.
Пожарникарите велат дека полицијата била алармирана од Лондонската противпожарна бригада во 1:35 часот наутро „на станбена адреса на Каунтес Роуд, NW5“.
Се верува дека адресата е семејниот дом на Кир Стармер, каде што живеел со сопругата и децата пред да се пресели на Даунинг стрит број 10 по неговата изборна победа.
„Полицијата излезе на местото на настанот. Предизвикана е штета на влезот во куќата, нема повредени. Пожарот се истражува, а кордоните остануваат на место додека трае истрагата“, соопшти полицијата.
Полицијата започна итна истрага за да се утврди причината за пожарот. Улицата „Каунтес Роуд“, каде што се наоѓа имотот, останува затворена додека трае истрагата. Жителите и сведоците беа советувани да достават какви било информации што би можеле да помогнат во истрагата.
Имотот е куќа со четири спални соби што Стармер ја купил во 2004 година и која моментално ја издава под кирија. Вредноста на куќата се проценува на околу 2 милиони фунти, пишува „Тајмс“.
Истрагата за пожарот е во тек, а властите сè уште не објавија дали инцидентот се третира како случај на подметнување пожар или несреќа.
Свет
Хаос Во Лондон: прекин на електричната енергија парализираше дел од метрото и железничката мрежа

Голем прекин на електричната енергија парализираше дел од лондонското метро и железничката мрежа. Сериозен прекин на електричната енергија предизвика хаос денес во Лондон, кога четири клучни линии на метрото и „Линијата Елизабет“ беа суспендирани пред попладневниот шпиц.
Вкупно околу 20 станици низ мрежата се затворени или делумно затворени, вклучувајќи ги и главните центри како што се Падингтон, Ливерпул Стрит и Тотенхем Корт Роуд. Неодамна, хаос беше забележан и во Шпанија и соседна Португалија кога имаше ненадеен масовен прекин на електирчна енергија.
Многу патници беа заробени во возовите повеќе од час и половина, без вода и основни услови. Некои морале да пешачат низ тунелите до најблиската станица, и до 20 минути.
Лондонскиот транспорт (TfL) ги потврди проблемите и им се извини на патниците. Инженерите работат на враќање во нормала што е можно побрзо.
На патниците им се препорачува да користат алтернативни линии: градски автобуси, линиите Лондон Оверграунд, Темзлинк и Саутестерн, и сите прифаќаат билети за метро додека траат проблемите, пренесуваат медиумите во регионот.