Спорт
Прво олимписко злато за Лара Гут-Бехрами
Лара Гут-Бехрами победи на трката во супер-џи на Зимските олимписки игри во Пекинг. Швајцарката во третиот обид успеа да се закити со најсјаното одликување. Во понеделникот се закити со бронза во велеслалом, а во 2014 година во Сочи исто така освои бронзен медал.
Гут-Бехрами патеката ја мина со време 1:13.51 минута. Трката на второто место, со 22 стотинки послаб резултат од Гут-Бехрами, ја заврши Миријам Пухнер. Уште еден медал на Швајцарија ѝ донесе Мишел Гисин, која заврши на третото место.
Бранителната на златото од Пјонгчанг, Естер Ледецка трката ја заврши на петтото место. Уште еден разочарувачки настап имаше Микаела Шифрин. Амриканката која не ги заврши трките во слалом и велеслалом, на крајот беше деветта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Челзи победи во Барнли, блескаше Педро Нето
Фудбалерите на Челзи, славеа во Барнли (2:0), во првиот натпревар од 12-то коло во Премиер лигата. „Сините“ славеа победа со головите на Педро Нето и Енцо Фернандес. Челзи, по некомплетното коло, скокна на второто место со 23 бода, Барнли остана на 17-та позиција со 10 поени.
Во отсуство на Кол Палмер, Челзи го предводеше Португалецот Нето. Тој беше двигателот на сите акции на „сините“. Го постигна првиот гол во 37-та минута, по акција која тој ја започна, а потоа добро реагираше со глава по центаршутот на Гитенс.
Португалецот можеше да стави точка во средишницата на вториот дел, но неговиот удар заврши во стативата.
Победата на Члези ја потврди, Енцо Фернандез во 88-та минута, откако добро ја испрати кацијата на Марк Гиу.
Спорт
Тренерот на Хјустон откри која е клучната разлика меѓу Јокиќ и Шенгун
Тренерот на Хјустон, Име Удока, зборуваше за честите споредби помеѓу Никола Јокиќ и Алперен Шенгун. Подуелот на двата тима во Тексас, кој заврши со победа на Денвер (112:109), рече дека се согласува со споредбите, дека меѓу двата центри постојат многу допирни точки, но и дека има една клупна разлика.
Удока рече дека Шенгун и Јокиќ делат голем број карактеристики кои се ретки кај високите играчи: елитна способност за додавање, изолациска игра и изразена дарба за со грб да нападнат кон кошот.
„Тие прават многу исти работи и затоа целосно ги разбирам споредбите“, истакна тренерот.
Сепак, тој додаде дека искуството на Јокиќ е фактор што оди во корист на српскиот центар.
„Јокиќ игра на МВП ниво поеќе од пет години, го мина шампионскиот пат и сè што оди со него. Тоа е огромно искуство што му користи“, рече Удока. Од друга страна, тој нагласи дека Шенгун има физички предности:
„Алпи е малку подобар аткета, но тоа е тоа“.
Спорт
Заинтересираните клубови ги дознаа барањата на Левандовски
Роберт Левандовски веќе има понуди од други клубови, бидејќи мали се шансите да остане во Барселона по завршувањето на сезоната.
Впечатокот е дека најконкретен во овој случај е Фенербахче, кој сака да ја прекине доминацијата на Галатасарај во домашното првенство.
Ако некој знае како да освојува трофеи, тоа е Роберт Левандовски. Иако е во ветеранските години, тој сè уште е на исклучително високо ниво, постигнува голови, а тоа е она што е она што му е потребно на клубот од Истанбул.
Според турските медиуми, полскиот напаѓач сака да потпише договор на две и пол години и тоа е неговиот главен услов за преселба во Фенербахче, бидејќи парите веројатно нема да бидат проблем.
Овие извори тврдат дека, Фенербагче му нудат договор на година и пол, но се очекува претставниците на Левандовски да продолжат со преговорите во наредните месеци за да постигнат договор.

