Македонија
Јанакиески, Протуѓер, Јанкулоска и петмина други обвинети преземаа вина за „Титаник“
На новото отпочнување на главната расправа за „Титаник” признаа вина. Обвинителката Лиле Стефанова не го повтори воведниот говор туку остана на тоа што го кажа претходно.
Прв вина призна Мартин Протуѓер. По него и Кирил Божиновски кажа дека не се чувствува виновен.
Миле Јанакиески беше вториот кој призна вина, посочи дека и натаму смета дека предметот не треба да се води поради помилувањето од поранешниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов.
Ексминистерката Гордана Јанкулоска, која издржува затворска казна, исто така призна вина.
Илија Димовски кажа дека не е виновен за делата за кои се гони. Билјана Бришковска на новиот почеток од постапката за „Титаник” посочи дека превзема одговорност.
Леко Ристовски кажа дека бидејќи се работи за идентитчно дело како кај Илија Димовски не сака да се повторува во делот на извршување функции во партијата.
„Не сум го прекршил законот и се чувствувам за невин”, кажа Ристовски.
Катерина Веловска, исто така обвинета, кажа дека се чувствува за виновна.
Станко Коруновски не признава вина и рече дека е невин. По него Киро Тодоровски кажа дека се чувствува виновен и се извини.
Мунир Пепиќ кажа дека нема да се извинува бидејќи никогаш на никому не згрешил.
„Не знаев тогаш дека е тоа кривично дело, но сега изјавувам дека се чувствувам за виновен”, кажа Пепиќ, кој е осуден и за предметот „27 април”
Ексградоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, се изјасни за невин.
Драгче Дракчевски истакна дека не бил член на политичка партија. Тој исто така рече дека е невин.
Маријан Накевски се придружи на кажаното од Драгчевски дека Протуѓер и Јанкуловска првпат во живо ги има видено во судница и се изјасни за невин.
Гоце Јаневски, исто така тогашен припадник на МВР, кажа само:„Не се чувствувам виновен”.
Ѓезми Ахмет, обвинет во „Титаник”, се придружи на кажаното од Драгчевски и кажа дека не се чувствуа виновен.
И Роберт Давитков се придружи на кажаното од Драгче Драгчевски дека не ги познавам Јанкуловска и Протуѓер, па така не се гледа виновен.
Ленка Рашајковска кажа само: „Не се чувствувам виновна”.
На крајот, Коста Митровски рече дека имајќи ја предвид одлуката за аболиција на Ѓорѓе Иванов, постапката не требало ни да почне.
„Но денеска, ќе се изјаснам виновен”, кажа Митровски.
Лиле Стефанова, обвинителка во случајот „Титаник”, на крајот од рочиштето побара раздвојување на постапката за обвинетите кои признале вина.
„Да се формира нов предмет и да продолжи постапката, а за остантите да се закаже главна расправа”, посочи Стефанова.
Судијата Осман Шабани најави формирање на нов предмет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

