Спорт
Роналдо размислувал да го напушти „Олд Трафорд“
Кристијано Роналдо не бил задоволен од ситуацијата во Манчестер јунајтед, планирал да разговара со својот менаџер околу иднината во клубот. Роналдо, минатото лето се врати во Јунајтед. Според англиските медиуми не е исклучено, 37-годишниот фудбалер, да го напушти клубот на крајот од сезоната.
Манчестер јунајтед од почетокот на сезоната игра во променлива форма, во слична форма е и Роналдо. Португалецот неколку пати со своите реакција го покажуваше незадоволството, пред се од резултатите. Роналдо нема постигнато гол на последните пет натпревари и го израмни личниот анти-рекорд од 2010 година.
Медиумите тврдат дека со менаџерот Хорхе Мендеш ќе ги разгледа опциите за понатаму. Според овие извори, важна улога околу кончената одлука ќе има изборот на новиот менаџер.
Ралф Рангник по завршувањето на сезоната ќе стане советник во Манчестер јунајтед.
Сезонава во Премиер лигата, Роналдо има учинок од осум гола и три асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МЗТ загуби од Спартак Суботица
Фото/ Петр Стојановски/ АБА2
Кошаркарите на МЗТ го загубија првиот полуфинален натпревар во АБА 2 лигата. Вечерва во Скопје, МЗТ доживеа пораз од Спартак 73:78 (15:23, 16:12, 24:17, 18:26).
Лошата игра во првиот дел во кој му дозволија на гостинот апсолутна доминација во скокот го однесе МЗТ во пораз. Спартак, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, преку скокот ја контролираше играта. Одличната секвенца на Војдан Стојановски во финишот на полувремето го доближи МЗТ на само четири поени негатива.
Американецот Гилион одлично го започна вториот дел, со седум поени во низа го врати МЗТ во водство. Се одлепи МЗТ на пет поени (55:50) во финишот на третиот период и тука застана.
Спартак предводен од Гордиќ стекна предност од 10 поени, предност која МЗТ успеа да ја преполови.
Војдан Стојановски со 20 поени, по три скока и асистенции и шест украдени топки го предводеше МЗТ. Двоцифрени беа и Делалиќ со 13, Танасковиќ со 12 и Гилион со 11 поени. Кај Спартак се истакна Гордиќ со 16 поени и шест асистенции.
Реваншот се игра за една недела во Суботица.
Спорт
Катастрофа за Милвоки се повреди и Лилард
Кошаркарот на Милвоки, Демијан Лилард заработил повреда на Ахиловата тетива, објавија сите НБА инсајдери.
Лилард играл последните недели и покрај проблемите со Ахиловата тетива, и ја влоши состојбата во последниот дел од третиот натпревар од првото коло од плеј-офот против Индијана.
Плејмејкерот на Милвоки мора да носи ортопедска чизма и под знак прашалник е за четвртиот меч (понеделник, 01.00 часот) во серијата во која Пејсерси водат со 2:1.
Бакс веќе играат без Јанис Адетокумбо, кој ќе ја пропушти првата рунда, а неговата сезона многу лесно може да заврши доколку Милвоки биде елиминиран.
Во првите три натпревари во плејофот, Лилард имаше просек од 32,3 поени и 5,7 асистенции по натпревар.
Спорт
(Видео) Нула во италијанското дерби
Фудбалерите на Јувентус и Милан одиграа без голови во дербито од 34. коло од Серија А. Нерешениот резултат му оди во прилог на Милан, црвено-црните имаат пет бода повеќе од Јувентус и извесно е дека ќе ја задржат втората позиција до крајот на сезоната.
Првиот дел донес ерамноправна ира на двете страни, без серизно шанси, исклучок е обидот на Влаховиќ, кој се закани од слободен удар, но Спритиело одбрани.
Во вториот дел Јувентус беа подобри на теренот. Спортиело го одбрани ударот на Костиќ, а потоа и обидот на Милик. Меѓу двете шанси на Јувентус, госѕите се заканија преку Лофтус Чик по одличен удар од далечина.
Најдобрата шанса на мечот Јувентус ја имаше во 86.минута, кога единствениот кикс го имаше голманот на Милан, но удаорт на Рабио од гол-линијата го одбрани Тиао.