Спорт
Вориорс ги победија Лејкерси – Леброн влезе во историјата на НБА
Леброн Џејмс стана најефикасниот играч во историјата на НБА лигата. Во поразот на Лејкерси во Сан Франциско (117:115), Џејмс постигна 26 поени и дојде до бројката од 44.152 поени во кариерата. На вечната листа тој го мина Карим-Абдул Џабар (44:149).
Натпреварот во Сан Франциско, Голден стејт Вориорс го решија со серија тројки во самиот финиш. Клеј Томпсон постигна три, а Ендру Вигинс една тројка, а точка на мечот стави Стеф Кари на 45 секунди до крајот на мечот.
Џејмс потоа погоди едно слободно фрлање, второто намерно го промаши, веднаш ја освои топката, кога сирената го означи крајот на натпреварот.
Meilleurs scoreurs de l’histoire de la NBA (saison régulière + Playoffs)
1️⃣ LeBron : 44,152 points
2️⃣ Kareem Abdul-Jabbar : 44,149
3️⃣ Karl Malone : 41,689
4️⃣ Kobe : 39,283
5️⃣ Jordan : 38,279
6️⃣ Dirk : 35,223
7️⃣ Wilt : 35,026
8️⃣ Shaq : 33,846
9️⃣ Duncan : 31,668
? Hakeem : 30,701 pic.twitter.com/DkJbnfvTce— TrashTalk (@TrashTalk_fr) February 13, 2022
Џејмс мечот го заврши со 26 поени, 15 скока и осум асистенции.
Вориорс ги предводеше Клеј Томпсон, кој го одигра најдобриот меч по враќањето на кошаркарските терени. Томпсон постигна 33 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

