Спорт
Второ злато за Филон Мае
Квентин Филон Мае го освои златниот олимписки медал во потера, на бијатлоската трка на 12,5 километри, на Зимските олимписки игри. Мае е првиот француски репрезентативец со освоени четири медали на едни Зимски олимписки игри. Тој освои злато во трката на 20 километри, беше втор во спринт трката и втор во микс штафетата.
Мае затниот медал го освои благодарение на одличното пукање. Не промаши ниту еднаш, за разлика од најголемиот фаворит, Јоханес Тигнес Бо, кој имаше седум промашувања и на крајот го освои петтото место.
Семејството Бо сепак освои медал, втор трката ја заврши Терјеј Бо, со 28,6 секунди послабо време од Мае.
Голем успех оствари, Едуард Латипов од Русија. Во потерата влезе како 11., најбрзо трчаше, на стрелиштето еднаш промаши го освои бронзениот медал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фабијански се чувствува добро по повредата со која се здоби на „Сент Мери“ стадионот
Тренерот, Хулен Лопетеги изјави дека голманот на Вест Хем, Лукаш Фабијански бил свесен и разговарал со него, откако бил однесен на носилки во првото полувреме од натпреварот со Саутемптон. Фабијански имал жесток судар со противнички фудбалер.
Дефанзивецот на „светците“, Нејтан Вуд налета на полскиот голман откако овој веќе расчисти една нафрлена топка пред неговиот гол во 29. минута.
Вуд доби жолт картон поради невнимателниот потег, а Фабијански откако седум минути му се укажуваше помош беше изнесен од теренот на носилки, а на лицето имал маска за кислород.
Лопетеги потврди дека голманот не бил хоспитализиран, туку останал на стадионот каде Вест Хем дојде до победата со голот на Џерод Бовен во 59. минута.
„Доби силен удар во главата, во вратот и не беше многу свесен за своите постапки. За среќа, тој зборува, буден е и свесен“, изјави Лопетеги.
Спорт
(Видео) Дончиќ ја доживеа најтешката повреда во НБА кариерата
Лука Дончиќ (25) на Божиќ го напушти натпреварот Далас Маверикс-Минесота Тимбервулвс поради повреда со која се здоби на две ипол минути до крајот на втората четвртина.
Далас објави колку е сериозна повредата на Дончиќ. Далас еден месец ќе биде без најдобриот играч, поради истегнување на мускулот на потколеницата на левата нога.
Luka Doncic went back to the locker room after an apparent injury on this play. pic.twitter.com/R8xlcLdeHQ
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) December 25, 2024
Ова е најтешката повреда во НБА кариерата на Дончиќ. Никогаш досега не се случило да не игра еден месец. Далас ќе одигра 17 натпревари во тој месец, што значи дека Дончиќ за првпат во кариерата ќе биде под 65 одиграни натпревари во една сезона (не сметајќи ја сезоната 2019/20, која беше скратена поради коронавирусот).
Поради ова, тој нема да се натпреварува за индивидуални награди како што е МВП или за вклучување во Ол-НБА тимот.
Словенецот на 22 одиграни натпревари сезонава има просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,8 асистенции. Далас е на четвртото место во Западната конференција со 19 победи и 11 порази.
Спорт
Двајца едриличари загинаа на регата во Австралија
Двајца едриличари загинаа во одделни инциденти на едриличарската трка од Сиднеј до Хобарт, соопштија организаторите и локалните власти во петокот. Ова се првите на престижната трка од 1998 година.
Организаторите на трката во изјава на нивната веб-страница соопштија дека и двајцата членови на екипажот загинале откако биле удрени од едрото, хоризонтален столб што го држи едрото и се ниша во зависност од насоката на ветрот.
Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека била известена непосредно пред полноќ дека член на екипажот на брод на стартната листа за трката од Сиднеј до Хобарт бил погоден од трупец. Колегите од екипажот се обиделе но не успеале да го реанимираат едриличарот.
Неколку часа подоцна, беше објавено дека член на екипажот на друг брод, исто така, бил погоден од трупец и исто така загинал.
Лошото време принуди неколку бродови да се повлечат од 79-тото издание на трката, кое започна во четвртокот, оставајќи го екипажот на Law Connect како нов лидер на трката во Јужен Пацифик.
Последен пат жртви на оваа трка имаше во 1998 година, кога пет јахти потонаа, а шест морнари загинаа откако голема бура ја погоди флотата.