Спорт
Алавес ја победија Валенсија
Фудбалерите на Алавес забележаа важна победа во борбата за опстанок во Примера. Во 25.коло, Алавес славеа над Валенсија со 2:1.
Мамаду Лоум го постигна првиот гол на мечот во 14.минута. Домашните ја имаа предноста до 62.минута кога од пенал израмни Гуедеш.
Алавес предноста ја обезбедија во 76.минута, кога пенал реазлизираше најдобриот стрелец на тимот, Хоселу.
Алавес ја прекинаа црната серија, по три месеци во кои одиграа 11 натпреари успеаја да победат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Швајцарска олимпијка загина во лавина
Швајцарската сноубордерка Софи Хедигер загина во лавина, соопшти Швајцарската скијачка асоцијација.
Според АП, инцидентот се случил во понеделникот во швајцарското одморалиште Ароса.
Хедигер (26) се натпреваруваше за Швајцарија на Олимпијадата во Пекинг во 2022 година во сноуборд крос и во мешана екипна верзија на таа дисциплина.
Спорт
Манчестер јунајтед не бил толку лош од 1986 година
Манчестер јунајтед игра уште една лоша сезона. Ни смената на тренерот не ги подобрија резултатите.
Кризата во клубот трае цела деценија, од моментот кога сер Алекс Фергусон замина во пензија.
Ситуацијата во таборот на „црвените ѓаволи“ не се подобри ниту со заминувањето на Ерик тен Хаг, односно со доаѓањето на Рубен Аморим,. Борнмут викендов го декласира Јунајтед со 3:0.
Манчестер јунајтед го бележи најлошиот пласман во Премиер лигата во периодот пред Божиќ од 1986 година, открива Опта.
Овогодинешното 13-то место на табелата е најлошата позиција на Јунајтед во овој момент од сезоната од дебитантската сезона на Алекс Фергусон, кога беа на 15-то место.
Иако ситуацијата е многу лоша, Аморим не се очекува да биде под притисок поради состојбата во која се наоѓа тимот, а ќе биде интересно да се види какви потези ќе повлечат клупските челници во јануарскиот преоден рок.
Откако пристигна во Манчестер од Лисабон, Аморим има четири победи, едно реми и четири порази.
Во наредната рунда, на 26 декември, Манчестер јунајтед ќе гостува во Вулверхемптон.
Спорт
Со злато веслачите на Горица Ремо ја завршија овогодинешната сезона
Викендов во Палиќ, Република Србија се одржа ROWLE ERGO штафета 2024 во склоп на проектот ROWLE како дел од програмата Interreg VI-A помеѓу Унгарија и Србија.
Ова забавно и возбудливо натпреварување Rowle Ergo Relay се одржа во салата на училиштето „Шандор Петефи“ во Бачки Виноград, каде што учество зедоја преку 250 учесници од Србија, Унгарија и Македонија.
Штафетниот формат подразбира секоја екипа да биде составена од четири членови, кои што заедно треба да извеслаат 2000 метри, така што секој член на екиптата треба да извесла 500 метри. Овој концепт не само што е забавен, поради брзата замена на ергометрите, туку и поттикнува и меѓусебна поддршка и мотивација.
На покана на Веслачкиот клуб Палиќ, охридските веслачи учествуваа на овој штафетен натпревар во кадетска и сениорска конкуренција. Кадетот Андреј Крстески во штафета со веслачи од В.К Палиќ го освои 13 место, додека Исабела Димоска и Александра Маленкоска заедно во штафета со веслачки од ВК Бегеј и ВК Палиќ извеслаа до златиот медал.
Целта на овој проект е промоција на веслањето, здравиот начин на живот како и јакнењето на прекуграничните професионални и пријателски односи.