Црна хроника
Убиен еден од мафијашките босови во Русија
Човекот кој се смета за еден од најголемите мафијашки босови во Русија, застрелан е во среда во центарот на Москва додека излегувал од ресторан по ручекот, соопшти руската полиција.
Аслан Усојан, познат по прекарот „Дедо Хасан“, го убил снајперист додека излегувал од ресторанот „Каретни двор“ во московскиот дистрикт Арбат. Телохранителот се обидел да го заштити, но не успеал, пренесуваат руските медиуми.
„Тој беше ранет и превезен во болница каде што им подлегна на повредите“, изјави претставник на полицијата. Во инцидентот полесно е ранета и една жена, случаен минувач.
Усојан преживеа обид за убиство во септември 2010 година кога во центарот на Москва беше застрелан во стомакот.
Тој беше близок соработник на рускиот мафијашки бос Вјачеслав „Јапончик“ Иванков, кој беше убиен во 2009 година.
„Дедо Хасан“ по потекло беше Курд, роден во Тбилиси во 1937 година.
Руските медиуми пишуваат дека ги контролирал „повеќето банди во Русија и соседните земји“. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен кавадарчанец, возел со 1,98 промил алкохол во крвта
Доцна синоќа во 03:10 часот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници го уапсија П.М.(35) од Кавадарци.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.98 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава.

