Спорт
Сколс: Рангник не е тренер тој е спортски директор

Пол Сколс, еден од незаменливите фудбалери, во легендарната генерација на Манчестер јунајтед, која ја предводеше Алекс Фергусон, го критикуваше клубот и одлуката да го постави Ралф Рангник за тренер.
Манчестер јунајтед, вчера ремизираше со Саутемптон, претходно одигра нерешени и со Барнли, а на пенали испадна од Купот.
„Луѓе, зборуваме за Манчестер јунајтед. Во тој клуб сѐ треба да е на највисоко ниво. Меѓутоа нашиот клуб воопшто немаше план и на тренерската позиција постави спортски директор“, рекол Сколс.
„Ако не се лажам, тренер бил само две години во последната деценија. Немам ништо лично против него, ми се допаѓа како личност, но мислам дека му недостига искуство како тренер на ова ниво“.
Јунајтед со Рангник на клупата, досега има одиграно 13 натпревари, два пати ремизирал, шест пати победил и доживеал пет порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мурињо со Бенфика на „Стенфорд Бриџ“, Галатасарај го чека Ливерпул

Вечерва со девет натпревари ќе биде отворено второто коло во Лигата на шампионите. Апсолутно дерби во оваа рунда е утрешната пресметка меѓу Барселона и актуелниот шампион ПСЖ.
Интересно ќе биде во Алмати, каде што Каријат ќе го пречека Реал Мадрид. Играчите на Реал бараат рехабилитација за тешкиот пораз во градското дерби против Атлетико. Пред нив е тежок меч бидејќи до Казахстан патуваа осум часа.
Сепак, Реал Мадрид е голем фаворит во овој натпревар.
Интересно ќе биде и во Лондон, каде што Челзи ја пречекува екипата на Бенфика, на чија клупа седи најуспешниот менаџер во историјата на „сините“, Жозе Мурињо.
Лига шампиони, вторник:
18:45 Аталанта – Клуб Бриж
18:45 Каират Алмати – Реал Мадрид
21:00 Атлетико Мадрид – Ајнтрахт Франкфурт
21:00 Бодо/Глимт – Тотенхем
21:00 Челзи – Бенфика
21:00 Галатасарај – Ливерпул
21:00 Интер – Славија Прага
21:00 Марсеј – Ајакс
21:00 Пафос – Баерн Минхен
Спорт
Почнува сезоната во Евролигата, титулата ја брани Фенербахче

Вечерва, започнува новото, 26-то издание на Евролигата. Честа да ја отворат новата сезона од 18 часот ја добија Дубаи и Партизан, односно Хапоел Тел Авив и Барселона (овој натпревар се игра во Софија).
Покрај овие два натпревари на првиот ден од Евролигата, на програмата се уште пет натпревари.
Евролига, прво коло:
Анадолу Ефес – Макаби (19.45 часот)
Црвена звезда – Олимпија од Милано (20)
Панатинаикос – Баерн Минхен (20.15)
Басконија – Олимпијакос (20.30)
Виртус Болоња – Реал Мадрид (20.45)
Среда:
Монако – Жалгирис (19.30)
Фенербахче – Париз (19.45)
Асвел – Валенсија (20)
Дубаи и Хапоел се дебитанти во елитното натпреварување, а Валенсија ќе игра наместо Алба оваа сезона. Значи, за прв пат ќе има 20 клуба ќе се борат за титулата во Евролигата, кој ја бранат кошаркарите на Фенербахче.
Ова значи повеќе кола, наместо претходните 34, сега ќе има 38 кола. Ќе има повеќе двојни кола, дури 10. А веќе во првата недела од натпреварувањето, го имаме првото двојно коло.
Како и во последните две сезони, 10 екипи го продолжуваат натпреварувањето по основниот дел, кој завршува на 17 април.
Првите шест екипи ќе се пласираат директно во плејофот (28 април до 13 мај), а седмиот, осмиот, деветтиот и десеттиот тим ќе играат плеј ин (21 до 24 април) за да ги пополнат преостанатите две места во плејофот.
Фајналфорот ќе се игра во Атина од 22 до 24 мај.
Спорт
Ако некој сака да го донесе Хулијан мора да плати 200 милиони евра

Хулијан Алварез, бавно влезе во новата сезона, но експлодираше во последните две рунди. Во средата постигна хет-трик против Рајо Ваљекано, а во саботата со два гола помогна в демолирањето на Реал.
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не штедеше на комплименти опишувајќи како игра полуларниот Арања (Пајак). Логично е дека постои голем интерес за Алварез, кој минатото лето во трансфер што може да достигне вредност од 95 милиони евра пристигна од Манчестер сити во Атлетико.
Од Атлетико на конкурентите им порачаа дека Аргентинецот е недопирлив.
🚨 Barcelona sources think Atlético Madrid would demand around €200M for Julián Alvarez.
(Source: @sport) pic.twitter.com/q66CTcjhj3
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 29, 2025
Барселона би сакала да купи сè, но ако е можно без пари. Каталонците имаат проблем со финансиите, но сакаат да го доведат Ерлинг Холанд во своите редови. Но тое се рапрашуваат и за Хулијан Алварез. Поранешниот напаѓач на Манчестер сити би можел да замине од Атлетико но за не помалку од 200 милиони евра.
Алварез постигна шест гола на седум натпревари во Ла Лига од почетокот на сезоната. Аргетнинецот има договор со Атлетико до јуни 2030 година, клаузулата за откуп на неговиот договор изнесува 500 милиони евра.