Црна хроника
238 сообраќајни прекршоци во Скопје, 62 за брзо возење
Во вчерашните акциски контроли од страна на МВР, на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 238 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 62 санкции, 43 мерки за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени биле и 26 казни за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила, 10 мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за недавање првенство на минување пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за прекршоци што ги прават мотоциклите.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Граната од Првата светска војна најдена на нива во Битолско
Вчера, во битолската полиција било пријавено дека во 9 часот во нива во селото Драгожани, Битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната во калибар од 105 милиметри.
Гранатата е од Првата светска војна, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено
Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за Средно Водно.
Од МВР инфомираа дека во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и е хоспитализирано на Комплексот клиники.
Изврешен е увид.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.