Македонија
Утре сончево со мала облачност и слаб ветер
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Во среда ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, на планините со повремен снег, повеќе застапени во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во петок во источните делови облачноста ќе се зголеми и ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде повисока, особено во сабота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

