Вести
Во Ирак ликвидиран ‘министерот за одбрана’ на IS

Еден од командантите на Исламската држава (IS), Шаит ал-Самераи, сметан за „министер за одбрана“ на оваа џихадистичка организација, бил убиен во Ирак за време на операциите на тамошните безбедносни сили, пренесува во понеделникот иранската новинска агенција Fars, повикувајќи се на безбедносни извори.
Според достапните информации, Шаит ал-Самераи „беше убиен во рамките на операцијата на специјалците на ирачките безбедносни сили против Исламската држава во покраината Нанива“. „Во истиот судир беа убиени уште осум борци на Исламската држава“, го цитира агенцијата својот неименуван соговорник.
Ликвидацијата на таканаречениот „министер за одбрана“ на споменатата радикална сунитска група којашто контролира големи територии од Ирак и соседна Сирија на кои прогласи „калифат“ за чие седиште го одреди градот Рака во истоимената сириска покраина, претставува втора голема загуба за Исламската држава последните неколку денови. Кон крајот на мината седмица, ирачките и другите арапски медиуми известија дека од здобиените повреди во американски воздушен напад умрел „калифот“ Аби Бакр ал-Багдади.
Ирачките медиуми во понеделникот јавуваат и за „големи воени успеси“ на војската, чиишто припадници поддржани од шиитските милиции ослободиле поголем дел од градот Кармах, во западната покраина Андбар меѓу главниот град Багдад и градот Фалуџа, кој и натаму е важно упориште на Исламската држава во оваа покраина.
Во борбите за Камрах, од каде што се планираат и изведуваат бројните смртоносни бомбашки напади во Багдад и во соседната покраина Дијала, биле убиени 30 борци на радикалното сунитско движење, а ранети биле повеќе десетици, тврди ирачката армија.
Последните големи терористички напади биле извршени во неделата и понеделникот. Во фреквентен деловен кварт на Багдад загинале пет а биле ранети други 15 лица, додека во одделни напади во градовите Мукдадија и Бакуба во источните области на Дијала, загинале 18 цивили.
Телевизијата DPA објави дека во неделата џихадистите, исто така, во покраината Анбар со експлозив ја разурнале медресата во центарот на градот Рамади, по д покровителство на сунитскиот клерик Абдол Малик ал-Саади.
Според ирачката влада, Исламската држава од крајот на 2013 година само во покраината Анбар јавно егзекутирала повеќе од 6.000 луѓе, кои главно биле извршувани во градовите Фалуџа и Рамади. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.