Македонија
Спасовски се сретна со заменик-претставникот на УНИЦЕФ во земјата, Артур Ајвазов

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Министерството за внатрешни работи се сретна со заменик-претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов. На средбата од двете страни беше потврдена долгогодишната меѓусебна соработка, која досега резултира со голем број заеднички спроведени активности и проекти, успешно реализирани во координација МВР и УНИЦЕФ, а од страна на заменик-претставникот на УНИЦЕФ, Ајвазов, беше изразена благодарност до министерот Спасовски за континуираната поддршка.
Главниот фокус на состанокот беа програмата и активностите, кои се дел од работниот план на УНИЦЕФ со Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи за 2022 година, со вредност од речиси 585.000 американски долари.
На состанокот една од темите беа досегашните и претстојните активности во врска со проектот финансиран од Канцеларијата на европската делегација и УНИЦЕФ – „Правда за деца – ЕУ и УНИЦЕФ за правда по мерка на децата“, со вкупна вредност од 625.000 евра, предвиден да трае две години (1.11.2020 – 31.10.2022) и разгледување на аспектите од досегашната и можните приоритети во идната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјата.
Од страна на заменик-претставникот на УНИЦЕФ, Ајвазов, беше нотирана активната соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и полициските службеници во изминатиот период, а од страна на министерот Спасовски беа уште еднаш потврдени отвореноста и заложбите за натамошно продлабочување на заедничката соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. 103 – Волково во близина на кружниот тек во Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 100 и 21 во село Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Сопиште (ул. 14 и ул. 16 кај Св. Мина) во општина Сопиште.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во работна посета на високо ниво на Велика Британија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.
Тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.
Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.
Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.
Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена.