Економија
Стојаноски: Ги повикуваме синдикатите и граѓаните да се вклучат во нашите барања за намалување на ценовниот притисок
Денес, на собраниската Комисија за финансирање и буџет, меѓу другото, беше и Законот за измената на Законот за царинските тарифи, во кој, по предлог на Владата, се намалуваат царинските тарифи во неколку индустрии, информира пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ имаше предлог, помеѓу другите индустрии, тука да влезат и царински тарифи на одредени производи што се користат како репроматеријали и во прехранбената индустрија бидејќи сакаме да им помогнеме и на стопанството и на граѓаните во овие моменти кога инфлацијата и цените на храната растат вртоглаво на начин што покрај оние производи чија цена е замрзната, да се намалат и царинските тарифи за одредени други производи што се користат како репроматеријали и на тој начин да учествуваме во намалувањето на вкупната цена на производите, односно да бидам појасен, од една страна, се намалуваат цените на артиклите и на производите, а од друга, оние производи што користат репроматеријали од увоз не може на никој начин да пронајдат економска логика во тоа“, објасни Стојаноски.
„На оние прехранбени производи што немаат замрзнати цени, доколку на овој начин би се намалила царинската тарифа за репроматеријалите што се користат за нивно производство и за финалната цена што е во маркетите, би успеале да им ја намалиме цената и на тој начин да им помогнеме на граѓаните во справување со овие предизвици кои се преоптоварувачки за нивниот семеен буџет, покрај тоа што можевме да видиме дека за 30 дена синдикалната кошничка е зголемена за 700 денари“, додаде тој.
Нагласи дека нивното барање било квалификувано како легитимно од страна на министерот за финансии, но било одбиено.
„И на тој начин изразуваме жалење и на некој начин ги повикуваме синдикатите и граѓаните да се вклучат во овие наши барања за да можеме на некој начин да го намалиме ценовниот притисок во крајниот дел од артиклите што се продаваат и кои ја сочинуваат потрошувачката кошничка на граѓаните“, потенцира Стојаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)