Економија
Дигиталното евро нема да биде замена за банкнотите
Еврото е дел од заедничкиот идентитет на Европејците, а најавеното дигитално евро нема да биде замена за банкнотите, туку додаток, изјави неодамна претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагарднеодамна, по повод дваесетгодишнината од еврото.
Пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур почна во понеделникот со дебата за дваесетгодишнината од воведувањето на еврото и иднината на таа валута.
На првиот ден од 2002 година националните валути беа заменети со евро во 12 земји на ЕУ, а денес таа валута ја користат повеќе од 340 милиони граѓани на ЕУ во 19 земји.
„Заедничката валута не е само користење исти средства за плаќање, таа е дел од заеднички потфат и идентитет, Европејците го препознаа тоа“, рече Лагард.
„Еврото им го поедностави животот на многу Европејци, оние што студираат, патуваат и работат“, рече Лагард.
Минатата година ЕЦБ потврди дека почнува проект за дигитално евро и дека втората најчесто користена валута, по американскиот долар, ќе биде редизајнирана. Дигиталните евра ќе биде електронски пари издадени од Евросистемот, односно ЕЦБ и националните централни банки и би било достапно за сите граѓани и бизниси.
„Дигиталното евро нема да ја замени готовината, туку ќе биде додаток на готовината“, истакна Лагард.
Воведувањето на еврото во Хрватска се очекува во 2023 година, а Бугарија најави дека сака да се приклучи една година по Хрватска.
„Хрватска и Бугарија напредуваат кон таа цел“, рече комесарот за економија на Европската комисија, Паоло Џентилони.
Романија најави дека ќе почне со подготовки за воведување на еврото, а Чешка, Полска и Унгарија се двоумат. Во Шведска на референдум во 2003 година граѓаните одбија да се приклучат на еврозоната.
Сите земји членки на ЕУ, освен Данска, се обврзани да го прифатат еврото, но нема рокови до кои мора да се приклучат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
BLACK FRIDAY ВО АНХОЧ – Реални попусти до 70% од 28 ноември до 2 декември 2024 година
Оваа година ни даваат многу причини да ги посетиме, особено со примамливите до 70% РЕАЛНИ ПОПУСТИ! Треба само еден краток поглед за да го приметите огромниот избор на десктопи, лаптопи, аудио и видео опрема, смарт уреди и генерално сè што може да замислите од IT опрема.
Изгледа на идеален период да се почастиме со она што вистински ни треба или што едноставно ни причинува задоволство 🙂
Од 28 ноември до 02 декември – Black Friday во Анхоч!
Понуда која најверојатно нема да сакате да ја пропуштите
ПР
Економија
Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија
Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите во последните 34 години, вели Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ниските плати, според него, се главна причина што работниците заминуваат од Македонија.
„Тоа што денес работниците поради ниските плати заминуваат да работат во некои други држави, да градат некои други економии, мислам дека треба да биде најголемиот пораз за овие газди што ја злоупотребуваа работната сила. За потсетување, толку колку што сме продуктивни, им створивме огромен капитал, огромни богатства. Ги украдоа компаниите во минатото, ги задржаа за себе и токму тоа е причината да зборуваме 34 години од независноста на Македонија повторно за недостиг на работна сила. Ако вие ги плаќате мизерно, тогаш тие имаат пари само за билет во еден правец, а тоа е надвор од Македонија“, вели Трендафилов.
За него, многу загрижувачки е обидот на претходната влада за увезување работници, кои газдите ќе ги плаќаат помалку од домашните.
„Македонија стана една туристичка агенција, која ги носеше работниците од Непал, од Индија, од Пакистан, од Бангладеш и потоа од тука заминуваа во некоја од земјите во Европската Унија, каде што, се разбира, заработуваат подобро отколку во Македонија“, рече Трендафилов.
На седница на Економско-социјалниот совет во декември ќе се разговара за покачување на минималната плата што ССМ уште во мај годинава побара да биде 450 евра. Трендафилов сега вели дека ќе настојуваат преку бројки на Владата да покажат дека за државата нема да биде голема оптоварување доколку се зголеми минималната плата.
„Денеска, во Македонија, според последните податоци, 25.000 работници примаат плата во висина на минималната, а 10.000 работници земаат плата од 1 денар до 22.000 денари. Она што е поразително е што сите овие работници примаат плата во плик за која не се плаќаат придонеси од задолжителното социјално осигурување и 250 милиони евра на годишно ниво ја чини државата во однос на неплатените придонеси во Фондот. Ги очекуваме последните податоци од Управата за јавни приходи за тоа колку работници во државата примаат минимална плата од 22.567 денари до 27.000 денари или пет илјади денари зголемување на минималната плата што го бараше ССМ. Сакаме да ѝ покажеме на државата, впрочем, дека во јавниот сектор многу мал број работници примаат минимална плата и за многу мал број работници ќе биде оптоварен буџетот. А газдите во приватниот сектор не треба никој да ги жали, најмалку ние, Синдикатот“, вели Трендафилов.
Министерот за економија, пак, Бесар Дурмиши, денес рече дека доколку се прашува тој, минималната плата треба да биде 600 евра.
Економија
На Германија годишно ѝ се потребни 288.000 странски работници: „Пред нас е огромен предизвик“
Дологорочно, германскиот пазар на труд секоја година во значителна мера зависи од имигрантите – ова е заклучокот од анализата нарачана од Фондацијата „Бертелсман“.
Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојба на Германија, имиграцијата на меѓународни работници, особено од трети земји, станува сè поважна. Затоа, до 2040 година ќе бидат потребни приближно 288.000 меѓународни работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила.
Според студијата, бројот на работници, без дополнителни имигранти, ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милион. До 2060 година тој број, без дополнителна имиграција, би можел да се намали за една четвртина, на само 35 милиони, пишува „Дојче веле“.
„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата ќе претставуваат големи предизвици за германскиот пазар на труд, бараат и имиграција“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од Фондацијата „Бертелсман“.
„Се разбира, пред сè, мора да се развие домашниот потенцијал на работната сила – и локалните жители и луѓето што веќе се преселиле тука и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот. Сепак, идните потреби до 2040 година не може да се задоволат само на овој начин“.
Реформираниот закон за имиграција на квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и без долгорочни изгледи за престој.
До 2024 година нема да бидат еднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостигот на имиграција. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.
Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година.