Црна хроника
Прободен малолетен скопјанец

Малолетен скопјанец бил прободен со остар предмет во левата потколеница, соопшти МВР.
Имено, во четвртокот, околу 18.10 часот, во Скопје во ГОБ „8-ми Септември“, бил донесен Д.К.(15) од Скопје со убодна рана во левата потколеница.
Во разговор со полицијата Д.К. кажал дека нешто порано во Скопје на ул. „Радушка“, неколку непознати лица, без повод и причина физички го нападнале, при што едно од лицата со остар предмет го повредил.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец со нож ` се заканувал на сопругата

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17.40 часот во Скопје го лишиле од слобода П.Ј.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, со остар предмет упатувал закани на неговата 40-годишна сопруга.
Тој бил во бракоразводна постапка со жената.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Автобус удрил во електричен тротинет и побегнал

Вчера околу 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, автобус удрил во електричен тротинет, управуван од Е.А.(51) од Скопје, по што возачот со автобусот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Лажен полицаец барал пари за повреден роднина од Кочани

Синоќа во 20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Т.(46) од Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава од 52-годишна жена дека ја измамил за сума од 3.000 денари.
Според пријавеното, тој се претставил како полициски службеник и роднина на повредено лице од Кочани, кое било во клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и дека бил сместен во згрижувачки дом на подрачјето на Гази Баба, при што од неа побарал пари за да купи спрејови за роднината.
Како што е пријавено, таа му дала пари, но откако не приложил фискална сметка, сфатила дека била измамена.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.