Црна хроника
Гранати пронајдени во Охридското Езеро кај Пештани

Во СВР Охрид на 15 февруари било пријавено дека во водите на Охридското Езеро кај Пештани забележани биле четири гранати.
Како што информираат од МВР, од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи констатирано било дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини во калибар од 75 милиметри и 2 артилериски гранати во калибар од 122 милиметра по што тие биле безбедно подигнати за натамошна постапка.
*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возеле пијани и предизвикале сообраќајки – двајца возачи од Берово и Кочани се приведени

Двајца возачи се приведени поради управување возило под дејство на алкохол и предизвикување сообраќајни незгоди.
Вчера во Кочани, приведен е А.М. (58) од овој град. Околу 18 часот, тој со „мерцедес“ удрил во паркирано возило „форд“. При увидот било утврдено дека управувал со 1,93 промили алкохол во крвта.
Утрово во 03:20 часот, во атарот на село Чифлик, Берово, полициски службеници ја лишиле од слобода В.К. (23) од Берово. Таа околу 02:50 часот изгубила контрола над „матиз“ и излетала од патот. При увидот било утврдено дека управувала автомобил со 1,59 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
Црна хроника
Апсења во Чаир по насилен инцидент и закана со пиштол

Полицијата во Чаир синоќа привела четири лица од Скопје, меѓу кои и малолетник.
Сè започнало околу 22:50, кога 24-годишните Бе.Р. и Б.Р. – физички го нападнале Б.С. од Скопје. Едниот од нив извадил и пиштол со намера да пука, но потоа сите си заминале од местото на настанот, соопшти МВР.
Кога полицијата ги пронашла, тие заедно со нивниот татко К.Р. и 14-годишниот брат физички ги нападнале полицајците. По ова, биле приведени.
Откако ќе заврши истрагата и ќе се соберат сите докази, ќе им бидат поднесени пријави.
Црна хроника
Повредени повеќе странски државјани во две сообраќајки на македонските автопати

Две сообраќајни несреќи со тешки телесни повреди се случија на македонските автопати во текот на 5 август, во кои се повредени патници од Србија, Велика Британија и Босна и Херцеговина.
Првата несреќа се случила околу 11:15 часот на автопатот Куманово – Граничен премин Табановце, кога патничко возило „Фолксваген“ со српски регистарски таблички удрило во метален столб од бензинска пумпа. Возилото го управувал 29-годишен државјанин на Србија, а повредени се неговите сопатници – двајца британски државјани, на возраст од 29 и 56 години, како и 53-годишен Србин. Повредените се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им се констатирани тешки телесни повреди.
Неколку часа подоцна, околу 16:45 часот, друга несреќа се случила на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Градско. Возач на „БМВ“ со регистарски таблички од Босна и Херцеговина изгубил контрола и излетал од патот. Неговата 26-годишна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот (32) е полесно повреден. Двајцата се згрижени во Општата болница во Велес.
Полицијата изврши увид на местата на несреќите, а причините се предмет на натамошна истрага.