Македонија
Во тек е исплатата на образовниот додаток за вториот мерен период
Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплатата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2021/2022 година, со која се опфатени вкупно 27.430 корисници на ниво на држава.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:
– за првиот мерен период во текот на декември во тековната календарска година,
– за вториот мерен период во текот на февруари во наредната календарска година,
– за третиот мерен период во текот на мај во тековната календарска година и
– за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на јули во тековната календарска година.
Исплатата на додатокот за образование изнесува по 2.100 денари во четири еднакви износи на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование.
Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година за дете изнесува 8.400 денари, а за средно образование во учебна година за дете изнесува 12.000 дeнари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

