Македонија
(Видео) Лазаревска: Со тензии во собраниската комисија ВМРО-ДПМНЕ блокира закон за повисоки плати на наставниците
ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го покажа своето вистинско лице, го покажа своето лицемерство и на дело ја покажа негрижата за граѓаните, обвини пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска.
Таа рече дека пратениците од опозициската партија со своето срамно и дрско однесување денеска повторно ја блокирале постапката за донесување на предлог-законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.
„ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште спречува над 27.000 наставници и стручни соработници да земаат повисоки плати. ВМРО-ДПМНЕ денеска спречи трансформација на работниот однос на над 4.700 вработени во училиштата, кои со години работат, а не може да го регулираат работниот однос бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.
ВМРО-ДПМНЕ денеска спречи соодветно да се вреднува трудот на сите наставници и стручни соработници кои предаваат во комбинирани паралелки, во паралелки со деца со попреченост или имаат дополнителни задолженија. Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ.
Блокади, тензии, создавање хаос и сѐ на штета на граѓаните. И денеска покажаа дека за нив се најважни теснопартиските интереси, а граѓаните и нивната благосостојба им е на последно место“, изјави Лазаревска.
Таа порача дека СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ со своето штетно однесување да го спречи развојот и покачувањето на стандардот на граѓаните. Нагласи дека законот ќе ја помине собраниската процедура, а наставниците и стручните соработници ќе добијат повисоки плати. ВМРО-ДПМНЕ тоа не може да го спречи, додаде Лазаревска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

