Регион
Најголемиот српски нарко-дилер уапсен за затајување данок
Во Белград во неделата утрото е уапсен Драгослав Космајац, кого српските власти го сметаат за најголемиот нарко дилер во Србија и еден од најголемите трговци со дрога во регионот, а на вонредната прес-конференција на тамошното министерство за внатрешни работи акцијата е споредена со случајот на легендарниот американски мафијаш Ал Капоне, имајќи предвид дека Космајац, е уапсен под обвинение за затајување данок, а не за трговија со дроги.
Драгослав Космајац и уште седуммина уапсени, се осомничени за соработување во кривични дела, и им е одреден 48-часовен притвор, а добиле адвокат по службена должност, бидејќи во Србија веќе два месеца трае штрајкот на околу 8.500 адвокати.Космајац бил уапсен во неговата куќа во Белград по четиримесечна истрага, четворица од неговите соработници се уапсени во Сремска Митровица, а другите во Белград и сите се државјани на Србија, изјави на прес-конференцијата министерот на полицијата, Небојша Стефановиќ.Во јуни годинава, српскиот премиер Александар Вучиќ, образложувајќи ги смените на шефовите на полициските управи, Космајац го означи како најголем нарко-дилер во Србија, тврдејќи дека во полицијата постои силен отпора тој да биде подвргнат на сериозна истрага и да го уапсат.Во врска со кривичните дела и трговијата со дроги се поврзувани и членови на семејството на Космајац, но министерот на полицијата во неделата претпладне изјави дека никој од неговите роднини во оваа акција не е уапсен и дека истрагата се темелела само на дела коишто можат брзо да се докажат.„Се концентриравме на она што може веднаш да се докаже, во смисла на имотот кој го поседува, а за кој не постојат докази за потеклото и даночни пријави. Потоа се отвора можноста за натамошни истраги“, изјави Стефановиќ, споредувајќи го случајот со истрагата на FBI и апсењето на Ал Капоне поради затајување на данокот.Уапсениот 61-годишен Драгослав Космајац во полициските акти датираат во МВР на Србија од 2001 година, под името „Бела книга“, се наведува како еден од најзначајните трговци со дроги, а српските медиуми го доведуваат во врска со меѓународните криумчари на кокаин од Јужна Америка, Турција, Бугарија и Македонија, преку Црно Гора и Србија, за земјите во западна Европа.Космајац, и покрај оперативните сознанија за трговијата со кокаин, никогаш поради тоа не бил уапсен, бидејќи полицијата против него никогаш немала доволни докази. Според белградските медиуми, важи за личност со сериозни врски во колумбиските картели, и своевремено бил еден од главните соработници на убиениот водач на ткн Земунски клан, Душан Спасојевиќ Шиптар, како и со уапсениот наро-бос Дарко Шариќ.Во неговата куќа оградена со висок ѕид и под видеонадзор, полицијата упадна и во јануари годинава, но тогаш не било пронајдено ништо освен оружје за коешто дозволи имале неговата сопруг аи неговиот син.Уапсениот Космајац во Белград има разгранет бизнис, од градежништво до детски градинки, а патувал со патна исправа на Словачка, која словачките власти му ја прогласиле за неважечка, доведувајќи ги во сомнеж условите кои го добил државјанство на Словачка.Космајац поседувал и биометриски пасош на Босна и Херцеговина, издадена во Требиње, а федералната телевизија на БиХ јави дека, повикувајќи се на податоци од полициските и разузнавачки служби, дека државјанството на БиХ го стекнал незаконски, најверојатно со фалсификувани податоци за престој од 1994 година.По отворените обвинувања за тргување со дроги, Космајац во јуни годинава побегна од Србија и извесно време престојуваше во Црна Гора каде што, според тврдењето на белградските медиуми, влегол како турист./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

