Свет
Украинските сили гранатираа неколку населени места во Доњецк

Силниот артилериски оган во Доњецк продолжува од раните утрински часови. Во различни делови на градот се слушнале експлозии. На поширокото подрачје на градот паднале 25 гранати.
Украинските сили гранатираа неколку населени места во Доњецката Народна Република (ДНР) во југоисточна Украина, користејќи минофрлачи од 120 милиметри забранети со договорите од Минск, соопшти мисијата на ДНР во Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот (JCCC).
Во населбите Комунаривка и Старомихајливка биле лансирани вкупно дваесет минофрлачи од 120 милиметри, соопштија властите на ДНР. Во текот на ноќта биле гранатирани населбите Александровка, Старомихајливка, Спартак и Зајчево, сите во околината на Доњецк.
Според непотврдени информации, заробени се неколку украински диверзанти, а ранети се двајца специјалци на ДНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин имаше долг разговор со човекот на Трамп: можни директни преговори меѓу Москва и Киев?

Кремљ издаде кратко соопштение во кое се наведува дека денешната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претставник Стив Виткоф, кој беше назначен од претседателот Доналд Трамп, завршила.
Според истиот извор, во разговорите учествувале и помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, и раководителот на Рускиот национален фонд за благосостојба, Кирил Дмитриев.
Средбата траеше три часа и беше конструктивна, рече Ушаков.
Според него, за време на разговорот била разгледана и можноста за директни преговори меѓу Русија и Украина. Ушаков додаде дека позициите на Москва и Вашингтон се приближиле не само во врска со Украина, туку и во врска со други теми и најави продолжување на „продуктивниот дијалог“ на различни нивоа.
Русија и Украина не воделе директни преговори од првите недели од војната, која започна во февруари 2022 година.
Пред да замине за Рим на погребот на папата Франциск, американскиот претседател Доналд Трамп кратко разговараше со новинарите и оптимистички коментираше за состојбата на преговорите:
„Мислам дека на крајот ќе склучиме многу добри зделки… Ќе се обидеме да се извлечеме од војните за да спасиме 5.000 луѓе неделно. Тоа е мојата цел. Сакам да спасам 5.000 млади мажи – претежно Украинци и Руси – 5.000 украински и руски мажи, и би ми било голема чест ако можам да го направам тоа“, рече Трамп.
„И мислам дека сме доста блиску“, додаде тој. Трамп не објасни од каде доаѓа проценката за 5.000 спасени луѓе неделно.
Свет
Медведев: Русија нема да дозволи историјата да се прекројува

Заменик-претседателот на Советот за безбедност и лидер на партијата Единствена Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Русија нема да дозволи обиди за препишување на историјата од Втората светска војна и изедначување на агресорите со ослободителите.
„Благодарение на нашите херои јасно гледаме како историјата ги казнува оние што не ги научиле лекциите, оние што се обидуваат да ги ревидираат резултатите од Втората светска војна. Нема да дозволиме историјата да се прекројува“, рече Медведев за време на отворањето на меѓународната патриотска кампања „Диктатот на победата“, објави „РИА новости“.
Зборувајќи за современиот контекст, Медведев истакна дека денес Русија повторно се соочува со нацизмот, но под нов плашт.
„Нашата земја е повторно на фронтовската линија против истиот нацизам. Војниците и офицерите на специјалната воена операција, како и сите што работат во заднина и му помагаат на фронтот, ја продолжуваат работата на своите големи претходници“, рече тој.
Кампањата „Диктатот на победата“ се одржува на повеќе од 35.000 локации во Русија и во повеќе од 90 земји од целиот свет.
Учесниците, меѓу кои ученици, студенти, членови на јавни организации и други граѓани, имаат 45 минути да одговорат на прашања за големата патриотска војна и тековните воени настани, пренесува „Танјуг“.
Регион
(Видео) Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално, инцидентот се случил кога пукнал резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави „Далмација данас“.
Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот.
„Утрово, околу 9.30 часот, е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, Хрватската крајбрежна стража и припадници на Капетанијата на пристаништата се на местото на настанот. Покрај спроведувањето на постапката за санирање на штетите, ќе се спроведе и постапка за утврдување на сите факти и околности на настанот“, соопшти сплитската полиција.