Контакт

Македонија

Османи: Ако во некое поле имам постигнато најмногу, тоа е во упатувањето амбасадори и конзули

Објавено пред

Квантен скок во начинот на упатување лица во амбасадите и конзулатите во светот е направен во споредба со периодот од 2006 година навака, трендот оди во добар правец, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој денес извести дека формирал работна група која ќе ги анализира сите упатувања на амбасадори и конзули од 2006 година навака.

dobivaj vesti na viber

„Тоа беше поттикнато од барањето на опозицијата да се разговара за овие прашања, а се покрена по информациите, шпекулациите, нецелосните информации по однос на хипотетичка одлука на Владата за именување конзул. Ако во некое поле во моето министерување во ова министерство имам постигнато најмногу, тоа е токму во упатување амбасадори и конзули бидејќи направивме навистина голем исчекор во однос на професионализација на службата. Затоа побарав и формирав работна група во министерството која ќе ги анализира индивидуално сите упатувања на амбасадори и конзули од 2006 за да направиме една компаративна анализа кога било и како бидејќи така најдобро ќе знаеме дали имало напредок, исчекор, кои се моите позиции и така натаму“, рече министерот Османи.

Работната група веќе почнала со работа. Министерот Османи презентираше дел од она што веќе го сработиле, а анализата го опфаќа и периодот во кој министер за надворешни работи бил Антонио Милошоски.

„Генерален конзул во Солун, а потоа и амбасадор директно земен од фирма за лекови. Генерален конзул во тој период преземен од детска градинка. Генерален конзул во Торонто со факултет за физичка култура преземен од Агенција за млади и спорт. Амбасадор во Загреб со факултет за шумарство, претходно управител на старечки дом. Амбасадор во Абу Даби претходно вработен во фабрика за чоколади, амбасадор во европска земја со претходно искуство придружба на сопруг амбасадор. Амбасадор во Анкара преземен од Македонски пошти и така натаму“, рече министерот Османи презентирајќи ги веќе анализираните амбасадори и конзули.
Откако тој е министер за надворешни работи вели дека упатил 21 амбасадор во вкупно 60 дипломатско-конзуларни претставништва кои нашата земја ги има во светот. Од нив, повеќе од една третина, односно 15 се дипломати од кариера кои имаат и по четири претходни дипломатски мандати.

„Другите е дозволено да бидат политички решенија. Тоа се обично афирмирани личности коишто по пракса политичките партии ги предлагаат во рамки на коалицијата. 25 отсто е согласно закон, јас имам над 70 отсто испратено од куќата. Се разбира дел се предложени и пред да дојдам јас, но јас сум ги одобрил откако сум дошол и сум ги упатил во амбасадите. Од надворешните , бидејќи има шпекулации дека надворешните се секогаш проблематични, го имаме амбасадорот Дане Талески во НАТО, којшто  сметам дека е еден од подобрите амбасадори, доктор на политички науки, образуван надвор, национален координатор на НАТО претходно. Теута Агаи Демјаха, доктор на науки по јавно здравство, амбасадор во последната мисија во Женева каде што е и Светската здравствена организација. Амбасадор во Загреб Миљаим Фета, доктор на политички науки, универзитетски професор, потпретседател на Совет за радиодифузија. Версил Мемеди амбасадор во Рим, доктор по аргументативни студии и реторика на Универзитет во Амстердам, претходно потпретседател на Собранието. Петрит Муслиу генерален конзул во Чикаго, иницијалниот предлог пратен во 2019 година, пред да дојдам јас во Министерството, јас сум го упатил на мандат, дипломиран правник и магистер по меѓународно право. Тоа се упатувањата откако сум јас министер“, рече министерот Османи.

Најави дека многу скоро ќе назначи амбасадор во Вашингтон, место кое долго време е испразнето оти било исклучително важно место за кое се бара најдоброто решение. Османи уште еднаш повтори дека за назначувањето на ТВ-презентерката за генерален конзул во Њујорк нема да коментира. Не може да каже ниту дали имало точка на дневен ред или расправа без одлука за неа поради законските ограничувања поради доверливоста на затворената седница. Одлука во Службен весник, каде што се објавуваат и одлуките од затворените седници, нагласи дека нема, а немаат ниту планови да го сменат актуелниот генерален конзул во Њујорк Јордан Панов, кој има мандат до јули 2023 година.

Македонија

Дел од Центар денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Карпош и Бутел денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

dobivaj vesti na viber

Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст

Објавено пред

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Времето во наредниот период

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион23 минути

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет44 минути

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет2 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет2 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа2 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија12 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија18 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија19 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија20 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија20 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија22 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа22 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија23 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион23 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет23 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија24 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија24 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија24 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет1 ден

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...