Спорт
Јавноста бара Полска да го бојкотира натпреварот со Русија
Полјаците би можеле да го бојкотираат полуфиналниот бараж натпревар против Русија, за пласман на Светскоот првенство во Катар. Полските медиуми тврдат дека бојкотот е можен поради сè она што се случува на политички план помеѓу Русија и Украина.
Поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Полска, Михал Листкиевич, рекол дека не би требало да се прават дека ништо не се случува.
„Мислам дека во една ваква ситуација натпреварот не би требало да се одигра во Русија. ФИФА треба да одлучи да се игра на неутрален терен“, рекол Листкиевич одговарајќи на прашањето што е се случи доколку Русија ја нападне Украина.
Баражот Русија-Полска во Москва треба да се одигра во Москва на 24 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Финалето во ЛЕ во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на ЕП за играчи до 21 година
Во Белград, денска звечено беше означен почетокот на изградбата на Националниот стадион. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека овој стадион, за четири годони ќе биде домаќин на финалниот натпревар во Лигата Европа.
„Финалето на Лига Европа ќе се игра во 2028 година на Националниот стадион, еве ви информација“, изјави Вучиќ.
Тој најави дека стадионот ќе биде готов за две години.
Националниот фудбалски стадион ќе има околу 52.000 седишта и ќе биде изграден според сите стандарди на УЕФА. Стадионот ќе биде изграден според архитектонскиот проект на Марк Фенвик.
Вучиќ истакна дека Србија со изградбата на Националниот стадион би можела да аплицира со Унгарија за организација на Олимписките игри.
„Ќе продолжиме да ја развиваме инфраструктурата, а планираме во иднина ние и Унгарија да аплицираме за Олимписките игри. Исто така со Албанија можеме да се кандидираме за организација на Европското првенство за фудбалери до 21 година, отворањето кај нив, затворањето кај нас“, рече Вучиќ.
Спорт
Модриќ урна рекорд стар 60 години
Со синоќешниот настап во полуфиналето против Баерн во Минхен, Лука Модриќ влезе во историјата на Реал.
Модриќ против Баерн урна рекорд стар 60 години. Со 38 години и 234 дена, тој стана најстариот играч што одиграл натпревар во дресот на Реал, во Лигата на шампионите или Купот на шампионите.
Досега рекордот го држеше легендарниот Ференц Пушкаш, кој настапи за „Кралскиот клуб“ во ноември 1965 година, исто така во ремито 2:2 на гостувањето кај Килмарнок, со 38 години и 229 дена.
Хрватскиот играч за врска против Баерн го забележа својот 126. настап во Лигата на шампионите и се наоѓа на 16. место на вечната листа. Во историјата на Реал повеќе натпревари од него во Лигата на шампионите одиграле Серхио Рамос (129), Раул (130), Карим Бензема (133) и Икер Касиљас (150).
Модриќ, синоќа го забележа 17. настап во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во историјата на Лигата на шампионите повеќе настапи од него во оваа фаза од натпреварувањето имаат само Бензема (18), Тони Крос (19) и Кристијано Роналдо (21).
Спорт
30 години од смртта на Аиртон Сена
На денешен ден пред 30 години животот го загуби легендарниот Аиртон Сена на трката за Големата награда на Сан Марино во Формула 1. Сена, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, ако не и најдобар, почина на 34. годишна возраст откако ја изгуби контролата над својот болид и со брзина од 305 км/ч удри во ѕидот на свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола.
Легендарниот Бразилец победи на 41 трка во кариерата, освои три шампионски титули и остана запаметен како крал на квалификациите и најдобар возач на дожд на сите времиња.
На погребот на Сена присуствуваа повеќе од милион луѓе, а многу повеќе излегоа на улиците да му оддадат почит на Бразилецот.
„Господ долго време ја држеше рака над Формула 1. Овој викенд ја тргна“, коментираше легендарниот Ники Лауда во моментот на смртта на Сена.
За време на квалификациите за истата трка, само еден ден претходно, почина младиот австриски возач Роланд Расцрбергер, што беше прва смрт во Ф1 по речиси 12 години.
Сена не ја прифати добро смртта на Австриецот, на која потсети лекарскиот делегат Сид Воткинс, кој му рекол на Бразилецот да не се натпреварува на Имола.
„Аиртон полуде. Пред тоа немаше видено смрт на патеките. Во претходните 12 години имаше многу инциденти, многу повреди, но никој не загина“, рекол Воткинс, откривајќи што му рекол Сена кога го молел да не се трка и да замината на риболов“.
„Има одредени работи кои не можеме да ги контролираме. Не смеам да се откажам, морам да продолжам“.
Сена ја започна трката во пол-позицијата, а трката започна со безбедносно возило откако Педро Лами удри во болидот на Џеј Џеј Лехто.
Веќе во вториот круг по рестартот на трката, Сена со својот Вилијамс во кривината Тамбурело удри во бетонскиот ѕид.
Бразилецот беше пренесен во болница, а трката продолжи 37 минути по судирот и победи Михаел Шумахер.
Два и пол часа подоцна беше објавено дека Сена починал.
Тоа беше само трета трка на Сена во Вилијамс откако го напушти Мекларен, и многу се пишуваше за тоа неделно попладне, но само едно е сигурно.
Смртта на Сена целосно ја промени Формула 1: беа воведени многу поригорозни безбедносни проверки и се промени историјата на овој спорт.