Свет
Републиките во Донбас ги ратификуваа договорите со Русија

Отцепените републики во Донецк и Луганск го ратификуваа договорот за пријателство и помош со Москва, со што формално се отвораат вратите за добивање воена и финансиска поддршка, откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за признавање на нивната независност.
Во изјавите објавени истовремено, парламентот на Народната република Донецк и Народниот совет на Луганск објавија дека одлуката за ратификување на Договорот за пријателство и соработка со Руската Федерација, била усвоена едногласно од двете собранија.
Еден ден претходно Путин одржа телевизиско национално обраќање во кое зборуваше за овие две републики.
„Сметам дека е неопходно да се донесе одлука што требаше да се донесе одамна и веднаш да се признаат и двете како суверени држави“, изјави рускиот претседател. Потегот, рече тој, е одговор на долгогодишните борби на истокот на Украина, разурнатиот од војна и обидите на Киев да „вовлече странски држави во конфликт со нашата земја“ со своите напори да се приклучи на НАТО.
Рускиот парламент сега ќе ги разгледа договорите, а парламентарната комисија за меѓународни прашања веќе препорача ратификување на договорите. Минатата недела, пред Путин да ја објави својата одлука за признавање на отцепените региони, 351 пратеник го поддржаа предлогот со кој се повикува Кремљ да ја поддржи нивната независност. Само 16 пратеници гласаа против резолуцијата, а еден беше воздржан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Сириски медиуми: Израел продолжува со воздушните напади, загрозувајќи ја регионалната стабилност

Израел синоќа изврши воздушни напади на периферијата на централниот сириски град Хомс, крајбрежниот град Латакија и историскиот град Палмира, објавија сириските медиуми блиски до владата. Израел не ги коментираше нападите.
Сириското Министерство за надворешни работи ги осуди нападите како „јасно кршење на сирискиот суверенитет и закана за регионалната стабилност“ и рече дека тие се продолжение на серијата израелски напади на сириска територија.
Israeli air raids on air defense battalion & weapon warehouses in Shanshar, countryside of Homs, Syria. pic.twitter.com/3DGAXogZO5
— Mats Nilsson (@mazzenilsson) September 9, 2025
Сириските медиуми објавија снимки од нападите, но не известија за нивниот обем или последици.
Израел со години спроведува воздушни напади, уништувајќи значителен дел од воената инфраструктура на Сирија, а тие се интензивираа од почетокот на израелската војна во Газа. Израел и Сирија неодамна учествуваа во разговори со посредство на САД за деескалација на конфликтот во јужна Сирија.
фото: принтскрин
Свет
Шефот на „Ферари“ ќе служи општествено корисна работа и ќе плати милиони за наследство

Претседателот на „Ферари“ и групацијата „Стелантис“, Џон Елкан, се согласи на една година општествено корисна работа и, заедно со својот брат и сестра, ќе платат милиони евра за да решат спор околу данокот на наследство во Италија, објавува BBC.
Според италијанските обвинители, Џон Елкан и неговите браќа и сестри, Лапо и Џиневра, ќе им платат на италијанските власти 183 милиони евра. Неговиот адвокат нагласи дека договорот не претставува признавање на одговорност, туку можност брзо да се заврши оваа афера.
Даночниот спор се однесува на имотот на бабата на Џон Елкан, Марела Карачоло, која почина во 2019 година. Обвинителите тврдат дека браќата и сестрите Елкан не пријавиле имот од околу 1 милијарда евра и приход од 248,5 милиони евра, засновајќи ја својата одбрана на фактот дека нивната баба била жител на Швајцарија.
Обвинителите прифатија договор за спогодба, по што побараа од судијата да ја отфрли кривичната постапка против браќата и сестрите Елкан, што беше прифатено.
Џон Елкан ќе мора да предложи објект каде што ќе извршува општественокорисна работа, со опции кои вклучуваат центри за стари лица или центри за зависности.
Европа
Левицата победи во Норвешка: историски резултат за десничарските популисти

Левицата, предводена од премиерот Јонас Гар Сторе од Лабуристичката партија, ќе остане на власт во Норвешка откако победи на парламентарните избори обележани со подемот на популистичката десница, која го постигна својот најдобар резултат во својата историја.
По изборите фокусирани на локални прашања, но под влијание и на геополитичките турбуленции, со речиси сите преброени гласови, се очекува левичарскиот блок да освои тесно мнозинство од 87 од 169 места во Парламентот.
„Знаевме дека ќе биде тесно и беше. Знаевме дека мора да дадеме се од себе и дадовме се од себе. И го направивме тоа“, им рече Сторе на поддржувачите.
На власт од 2021 година, 65-годишниот премиер освои нов четиригодишен мандат, најверојатно на чело на малцинска влада.
Со речиси 28 проценти од гласовите, неговата Лабуристичка партија ќе мора да ги здружи силите со сите други левичарски партии со кои има бројни несогласувања.
фото: принтскрин