Европа
Германските медиуми коментираат: Путин ја врати Студената војна

Германскиот печат го коментира признавањето на Путин на самопрогласените народни републики и намерата за испраќање војници во источна Украина. Која е стратегијата зад овие потези? Што навистина сака Путин, се прашуваат коментаторите, а пишува „Дојче веле“.
Германскиот јавен сервис АРД го нарекува испраќањето руски војници во источна Украина дел од „циничниот план на Путин за ескалација на конфликтот“: „Признавањето на сепаратистичките области Донецк и Луганск цинично наречени народни републики и испраќањето војници следи по брутална калкулација и прецизен план – и ова можеби не е последниот потег на Путин во обидот повторно да го воспостави подрачјето на моќ на Советскиот Сојуз“.
АРД на својот портал Tagesschau.de додава дека постои страв оти овие постапки нема да го задоволат „гладот за територија“ на Путин, односно дека постои оправдано сомневање оти Русија сега работи на сценарио во рамките на кое би „откинала“ и некои други украински региони со цел да создаде „коридор до Крим“.
„Хенделсблат“ пишува дека „лутиот говор“ на Путин е историска цензура за Европа: „Рускиот претседател не само што го закопа мировниот процес во Минск, туку и ја врати Студената војна“. Германскиот весник забележува дека говорот на Путин бил говор во кој тој се обидел да го оправда сето она што ја води Европа на работ од војна и сето она што сè уште може да го загрози континентот натопен во крвта на двете светски војни.
„Ханделсблат“ пишува дека вчерашниот говор на Путин бил „полн со презир кон Западот, полн со повредена гордост за поранешната големина на Русија, полн со нескриени закани за враќање на она што на Русија, по негово мислење, историски ѝ припаѓа“.
Многу нешта се акумулирале и сето тоа мораше да излезе на виделина, се забележува во коментарот на весникот кој излегува во Дизелдорф.
Минхенскиот „Зидојче цајтунг“ во коментар вели:
„Признавајќи ги таканаречените народни републики и испраќајќи војници во тие области, рускиот претседател го прекрши меѓународното право. Тој по втор пат во осум години ги менува границите во Европа, го нарушува државниот суверенитет и се заканува како некој насилник кој чека во темен агол на улицата. 190.000 војници чекаат со вклучени мотори. Идеолошката историска лага на Путин ќе им послужи како наредба за акција. Рускиот претседател пушти во оптек историски уникатен фалсификат, кој ги храни сите оние кои веруваат во него, ги храни со мизерно оправдување на гласната неправда“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП, повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота, на 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува на погребот да присуствуваат бројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на Телеграм градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона „Шхидни“. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување на персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база, не само за стоки, туку и за опрема и персонал. Со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување на персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата започна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.